Daily news
ДИК: СДСМ води во 50, ВМРО-ДПМНЕ во 9, а ДУИ во 12 општини
По вчерашните шести локални избори во Македонија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини и во градот Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12. Ова се резултатите на Државната изборна комисија по обработените 98,22 отсто од гласовите од првиот круг на локалните избори во земјата.
Во главниот град кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, води со 50 отсто во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, со речиси 36 отсто.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, истакна дека генерална оценка е оти изборите поминаа во фер и демократска атмосфера во согласност со процедурите утврдени со Изборниот законик. „Во текот на денот избирачките одбори, општинските изборни комисии се соочуваа со некои технички проблеми, меѓутоа ДИК преку соодветни упатства и инструкции ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден“, изјави Чичаковски.
СДСМ прогласи победа во Ѓорче Петров со 53,71 и во Карпош со 58,08, а во Аеродром води со 51,84 пред ВМРО-ДПМНЕ, која има освоено 44,17, во Бутел со 49,12, во Гази Баба со 47,82 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,38, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56. Во Центар од обработени 89,74 проценти од гласовите води кандидатот на СДСМ со 63,58 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,63 проценти. Во Шуто Оризари кандидатот на СДСМ е во благо водство со освоени 39,79 во однос на Сојузот на Ромите од Македонија со освоени 38,18 проценти.
Во Сарај води кандидатот на ДУИ со 33, 49 и во Чаир со 27,28 проценти.
Во другите општини СДСМ има победа во првиот изборен круг во Арачиново со освоени 57,81 процент, во Берово со 60,96 проценти, Битола со 59,77 проценти, Богданци со 55,37 проценти, Босилово со 53,80 проценти, Валандово со 55,31, Василево со 52,52, Вевчани со 53,15, Велес 53,51, Гевгелија со 54,55, Дебрца со 56,70, Делчево со 51,83, Демир Хисар со 55,43, Дојран со 58,19, Зелениково со 59,22 проценти, Конче со 55,23 проценти, Кочани – 55,80, Кратово – 57,11, Крива Паланка – 58,01, Кривогаштани – 53,90, Крушево – 60,63, Куманово – 52,53, Лозово – 55,18, Маврово Ростуше – 55,85, Ново Село – 52,13, Охрид – 54,07, Пехчево со 52,65, Прилеп со 51,07, Радовиш со 50,13, Ресен со 55,03, Свети Николе со 50,17 и Струмица со 59,45.
Во Виница во благо водство со 48,64 е кандидатот на СДСМ пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој има освоено 46,16 проценти, во Градско води СДСМ со 42,01 процента пред ВМРО-ДПМНЕ со 35,23, во Демир Капија во водство е СДСМ со 49,48 наспроти ВМРО-ДПМНЕ, која има 46,97 проценти, во Јегуновце СДСМ има 41,90 пред ВМРО-ДПМНЕ со 31,36, во Карбинци води СДСМ со 48,17 проценти, во Македонска Каменица исто така СДСМ со 49,32 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,96, во Македонски Брод со 49,17 пред ВМРО-ДПМНЕ со 29,26, во Неготино со 51,44 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,86, Росоман со 49,35 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,78, Старо Нагоричане со 46,43 и во Чашка со 49,29 проценти.
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден со 57,34 проценти, Петровец со 62,05, Сопиште со 50,78, а води во Штип со 48,10 проценти, Брвеница со 25,42 проценти, во Зрновци со 48,50, во Кавадарци со 49,36 проценти, во Новаци со 44,96, во Пробиштип со 46,49, во Чешиново-Облешево 47,48,
ДУИ освои градоначалнички мандат во Кичево со 60,36 проценти и во Пласница со 59,12, а води во Тетово со 33,18, Боговиње со 33,99 проценти, во Сарај со 48,24, Врапчиште со 35,06 проценти, во Гостивар со 35,55 проценти, во Дебар со 39,93, во Долнени со 34,06 проценти, Желино со 43,90 проценти, Липково со 48,97, во Теарце со 29,86.
Во Струга во водство е Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ со 30,24 проценти.
Во Могила во водство е Стево Пивковски, кандидат на група избирачи, кој има освоено 38,06 проценти од гласовите.
Во Ранковце победник е Ивица Тошевски, кандидат на група избирачи, во Центар Жупа победа има Демократската патрија на Турците, во Чучер-Сандево кандидатот на група избирачи Јован Пејковски.
ДПА води во Студеничани со 34,62 проценти од гласовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.