Daily news
Димитровски вети нови вработувања во Кочани и многубројни инфраструктурни проекти
На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Кочани пред граѓаните се обрати актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Ратко Димитровски. Тој пред кочанци кажа дека тие денеска прават еден пресек што е, што беше и што треба да се направи за Кочани.
– Вечерва се гледаме очи в очи со вас, со сите вас што ни ја дадовте довербата пред четири години. Вие сте тие што преку своето демократско право нè овластивте да се грижиме за развојот на Кочани. За тоа овластување деновиве ви го испорачавме отчетот за сработеното во изминатиот период – изјави Димитровски.
Тој ги наброи најпрвин условите за вработување на граѓаните на Кочани, новите погони на „Антура“, „Антенол“, „Руен инокс автомобиле“, „Хипотерм“, „Дирлос“, „Пејпермил“, „Нидо Гете“, „Лимидија Арло“, а другите помали погони вработија, како што кажа Димитровски, 2.500 граѓани на Кочани, каде што тие го нашле своето парче леб во општината.
– Бројот на невработените што го затекнавме од 12.000 падна под 4.000 наши сограѓани да бидат невработени, од кои половината се активни баратели на работа. Би ги споменал и проектите од комуналната инфраструктура. Кочани е еден од ретките градови што го реши во поголемиот дел од градот проблемот со атмосферските води. Уличното осветление во Кочани е пример како може да се зголеми осветленоста на градот за над 50 проценти и околу 300 темни точки во градот да се осветлат, а потрошувачката на струја во градот да се намали цели 75 проценти – изјави Димитровски.
Тој кажа дека Пониква е збогатена со постројки за вештачки снег, патеки за скијање, како и многу други работи.
– По 20 години, Кочани го доби новиот Генерален урбанистички план, а во тек е изработка на урбанистички планови за сите раминчарски села. Изградени се две спортски, седум повеќенаменски игралишта. Секоја година нашата општина им доделува 30 стипендии на нашите сограѓани што студираат на нашите универзитети. Реконструирани се училиштето во Горни Подлог и средното училиште „Љупчо Сантов“ во Оризари. Заменети се прозорците и изградена е нова градинка во Оризари – изјави Димитровски.
Димитровски се осврна и на она што е планирано во наредниот период. Тој напомена дека во програмата за наредните четири години ги има најглавните и најголеми проекти, кои ќе придонесат за развој на општината и нови вработувања, со што, како што кажа, ќе има раздвижување на целокупната економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.