Контакт

Daily news

Димитров: Нерешавањето на спорот за името може да ја загрози регионалната стабилност

Објавено пред

„Спорот за името е долгогодишен. Иако во суштина тоа е билатерално прашање, последиците од негово нерешавање, како што се гледа во последно време, може да ја загрозат регионалната стабилност“, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчкиот весник „То Вима“. Тој вели дека Република Македонија предолго беше оставена во чекалница пред заклучените врати на НАТО и ЕУ поради наметнатата политичка блокада и покрај одлуката на Меѓународниот суд за правда, и оти „тоа за возврат ја отвори вратата за демократска криза во земјата“.

dobivaj vesti na viber

„И ние, очигледно, имаме направено свои грешки. Сите треба да ја научиме лекцијата. Категорично сум убеден дека треба да ја искористиме ситуацијата и позитивниот моментум. Да ги употребиме за суштинско преосмислување на нашиот однос. За Грција прашањето е каков сосед би сакала да има? За Република Македонија прашањето е каков сосед би сакала да биде? Сакаме да бидеме блиски пријатели на Грција врз основа на взаемно разбирање, почитување и заеднички интереси. Ако тука постапиме правилно, сигурен сум дека и двете држави ќе бидеме запишани во историјата со светли букви’, истакнува Димитров.

Во врска со преговорите за името во ОН, шефот на македонската диломатија смета дека во текот на преговорите, во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, на маса биле ставени неколку идеи што едната страна ги сметала за добра основа за решение, но другата страна ги отфрлила.

„И двете страни треба да преговараат со добра волја и да се обидеме, колку што е можно повеќе, да ја разбереме чувствителноста на тие прашања гледани од другата страна. Треба да го подигнеме нивото на доверба и да размислиме за инвестирање во нашите билатерални односи на начин што ќе овозможи дополнителен напредок“, подвлекува Димитров.

Во врска со мерките за градење доверба, македонскиот министер вели дека тие се многу корисна алатка за зајакнување на целокупното ниво на взаемна доверба и соработка меѓу институциите на двете земји. Тековните мерки за градење доверба, според него, се долго очекуван одговор на македонските повеќегодишни иницијативи за подобрување на билатералната соработка.

„Соработката и дискусиите околу спорот со името требаше уште одамна да се одвиваат паралелно. Во мојата функција како преговарач јас предложив еден склоп мерки за градење доверба уште во 2007 година. Имплементацијата на договорените мерки за градење доверба веќе имаат придонесено кон поголема практична соработка меѓу институциите во врска со миграциските прашања, како и во поглед на енергијата, инфраструктурата и образованието, меѓу другото, а ќе следуваат дополнителни резултати. Списокот на договорени мерки за градење доверба не е конечен и сеопфатен, па можеме да го прошириме опсегот во кое било време доколку сметаме дека е заемно корисно. Миграциската криза беше јасен пример колку сме слаби кога самите се соочуваме со голем предизвик, и колку можеме да постигнеме кога ќе ги здружиме силите и кога соработуваме. Сепак, за жал, сѐ уште не сме го постигнале степенот на доверба, соработка и отворена комуникација што постои меѓу народите на двете земји“, изјави Димитров и додава дека „како и обично, граѓаните докажале дека се помудри од политичарите“.

Тој информира дек „најитниот приоритет на новата влада на Република Македонија е да обезбеди стабилност, безбедност и одржлив развој во земјата, да гради европска демократија раководена според владеењето на правото и да обезбеди подобар живот и просперитет за своите граѓани“.

„Сметам дека е во голем интерес на Грција да има една стабилна, безбедна и просперитетна демократија на својата северна граница. Колку побрзо е поканета државата да се приклучи и стане членка на НАТО, толку се подобри шансите Грција да има една таква држава за свој сосед“, истакнува Димитров, изразувајќи надеж дека Македонија набрзо ќе добие и датум за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, по многуте добиени позитивни препораки од ЕК.

На новинарско прашање каква е неговата реакција за тоа што „одредени луѓе во земјата и пошироко изразиле загриженост околу сценаријата за Голема Албанија“, министерот вели дека „премногу сме ситни на Балканот за да положуваме право на поголеми нешта од просперитет, соработка, инклузивност, диверзитет и европеизација“.

„Наративот на поголемите држави не враќа назад во минатото. Наративот на Европа ни отвора една заедничка иднина. Сметам дека во регионот се издигаме и паѓаме заедно. Ајде да се издигнеме и да бидеме еден Голем Балкан“, истакна тој.

Осврнувајќи се на ситуацијата на Баканот, Димитров вели дека „регионот во моментов и не е едно премногу весело место, а тука дефинитивно има придонесено и ситуацијата во и околу Република Македонија“.

„Проблемот со проблемите е во тоа што ако се занемаруваат – се шират. Стратешките патеки за Балканот поставени од ЕУ на самитот во Солун уште во 2003 година, веќе не се толку цврсти како порано. Пристапниот процес, од најразлични причини, го губи својот моментум. Политичката енергија е префрлена на друго место и зад себе оставила недовршена работа. Европа, НАТО и регионот ќе направат катастрофална грешка ако отворат простор за оние што сакаат да го оспорат поредокот утврден по југословенските војни“, подвлекува министерот.

Димитров на крајот вели дека е време регионот решително да се подбутне напред и додава дека „новата Влада со својата цврста посветеност на реформите на домашен терен и на добрососедските и пријателски односи надвор од границите претставува одлична можност и за регионот, но и за НАТО и ЕУ што мора да се искористи“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ35 минути

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 час

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени продолжува денес во...

Македонија2 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет3 часа

„Европа го подготвува својот крај“: Турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки проценки од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа4 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90% до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион4 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа4 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет4 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија18 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија19 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија19 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија20 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија21 час

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет21 час

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија1 ден

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа1 ден

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет1 ден

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија1 ден

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...