Контакт

Daily news

Димитров очекува билатерална средба со Коѕијас

Објавено пред

В среда и в четврток во Солун, по покана на Никос Коѕијас, ќе се одржи средба на која ќе учествуваат Македонија, Албанија и Бугарија. На средбата ќе се разговара за безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување и за други актуелни теми. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска најави дека очекува и билатерална средба со Коѕијас.

dobivaj vesti na viber

Според него, идентитетските прашања треба да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција со цел да може тој процес на зближување да продолжи и двете држави да имаат разбирање една за друга.

Димитров на презентацијата на отчетот за 100-те дена од работата на Министерството за надворешни работи рече дека преговорите не се почнати и дека во моментот се работи на исцртување на контурите на тој процес, на нивната форма, на датумот.

„Грција не може успешно да го затвори овој спор ако Македонија е понижена, тоа е апсолутно неоспорно, дури и победата на Грција со ветото на самитот на НАТО во 2008 година е Пирова, бидејќи создаде контекст на еден сосед што го загуби моралниот компас, си ја растресе својата демократија, стана произведувач на проблеми, кризи“, додаде тој.

Според Димитров, постои потреба од надминување на историјата со цел работите да се придвижат во позитивна насока. „Стравот и држењето во ровот на историјата ја ослабува Македонија, мора да си го фатиме возот штитејќи си го сопственосто достоинство и идентитетот“, додаде шефот на дипломатијата.

Во врска со можноста за менување на учебниците по историја со цел да се спушти топката во односите со соседите, Димитров вели дека е син на татко бегалец од Егејска Македонија. „Татко ми е дојден во РМ по граѓанска војна во Грција во 1948 година. Не сум историчар, не сакам да одам поконкретно во однос на ова. Ако сакаме да ги отвориме односите, да отвориме поголем простор за соработка, не знам зошто би имале страв да видиме каков е историскиот наратив во Грција за нас и каков е наративот кај нас за Грција“, рече Димитров.

Тој додаде дека МНР води разговори со претседателот на државата за пополнување на амбасадорските места, од кои сега се празни 13, а во 2018 нивната бројка ќе стане 15.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија3 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа3 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа4 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија5 часа

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија5 часа

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа6 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет6 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет6 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа6 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија18 часа

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје24 часа

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...

Македонија1 ден

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет1 ден

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Од велигденската светлина да црпиме сила за солидарност и човечност

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати велигденска честитка до поглаварите на верските заедници и до сите верници од христијанска вероисповед...

Македонија1 ден

Христос воскресе објавено во полноќните литургии, црквите преполни со верници

Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја...

Македонија1 ден

Сончево и топло низ целата земја, температури до 27 степени

По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со...

Свет2 дена

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во...

Свет2 дена

Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ. – Руската страна, водејќи се...