Daily news
Европски хепенинг на Општина Центар и ЕУ по повод Денот на Европа
Општина Центар и Делегацијата на Европската Унија, по 12-ти пат, го одбележаа “Денот на Европа“ со традиционалниот Европски хепенинг.
Околу 300 ученици од седумте основни општински училишта пееја, цртаа и изработуваа постери на тема “Да ја заштитиме животната средина“. Со ова, општина Центар го даде својот придонес во еко кампањата на Европската Унија.
“Среќен сум што денеска го славиме Денот на Европа со младите, со нашата иднина. Младите луѓе не се само наша иднина, туку и наша сегашност. Тие се носители на нашиот мир, солидарност и обединување. Денот на Европа е наш заеднички празник. Среќен сум тука што го славиме со децата од училиштата од општина Центар. Да направиме сѐ за сите да станеме идни граѓани на Европската Унија, а вашата енергија да ја донесете во нашата заедничка Европа“, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека децата од Центар и од Македонија заслужуваат да бидат дел од Европското семејство.
“Заедничкото Европско семејство ги негува мирот и толеранција како вредности на Европската Унија и ние треба сите заедно да направиме повеќе од она што денеска го правиме. Секогаш кажувам дека нашите деца се прекрасни и умни. Проблемот е кај нас, возрасните. Затоа, да го дадеме максимумот да не се споменува Македонија по лошо, туку од овде да праќаме убави слики и пораки. Наша заедничка цел е прием на Република Македонија во Европската Унија и уверен сум дека Македонија ќе биде уште една ѕвезда на Европското небо“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Жбогар и Жерновски имаа навистина тешка задача за да ги изберат најдобрите. Наградата од Европската Унија за најдобар еко постер ја добија учениците од основното училиште “Кочо Рацин“, а од општина Центар, учениците од основното училиште “Св. Кирил и Методиј“. Нивниот труд ќе биде изработен како постер.
Еко химната на основното училиште “Димитар Миладинов“, поради самостојниот авторски труд на учениците, беше одлучувачко за амбасадорот Жбогар да ги прогласи како победници.
За најдобар музичко-сценски настап, градоначалникот на општина Центар се одлучи за учениците од основното училиште “Гоце Делчев“. Како што рече Жерновски, сите деца се победници денес, бидејќи испратија јасна порака – да ја сакаме Македонија, Европа и планетата земја. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.