Daily news
„Епл“ се извини поради забавените „ајфони“ и понуди поевтини батерии
Јавните извинувања не се нешто по што е позната компанијата „Епл“, но технолошкиот гигант овој пат им се извини на потрошувачите во врска со аферата поради која веќе му се заканува колективна тужба.
Како што призна и самата компанија, софтверските ажурирања ги правеле побавни постарите модели „ајфон“ со цел да не се оптоваруваат нивните дотрајани батерии, но за тоа воопшто не биле информирани корисниците сè додека некои од нив не сфатиле дека со замена на батериите нивните постари телефони повторно се враќаат во нормална брзина.
Apple posts a message to customers addressing battery concernshttps://t.co/h54oVDwgSe
Lowering replacement of battery is a good move. No one can argue this was planned obsolescence but communication could have been better. Looks like they are stepping in right direction.
— Ben Bajarin (@BenBajarin) December 28, 2017
Како што се наведува во тужбите поднесени во американските судови, „Епл“ на некој начин ја прикривал вистината од корисниците на „ајфон“, со тоа што не ги информирал дека новите ажурирања ќе влијаат врз работата на уредите со цел да се ублажи проблемот со искористените батерии. Оштетените клиенти сметаат дека со тоа некои од сопствениците на постри „ајфони“ во изминатата година биле принудени да купат нов уред бидејќи не знаеле дека проблемот има и поевтино решение, односно набавка на нова батерија.
Затоа, како што велат критичарите, ова извинување од страна на „Епл“ и намалувањето на цената на новите батерии е нешто на што компанијата едноставно била принудена со цел да ги санира евентуалните поголеми штети. В година, се вели во соопштението на компанијата, корисниците ќе бидат во можност да ги заменат батериите по цена од 29 долари наместо од 79, колку што досега изнесуваа трошоците за замена. Исто така, за почетокот на следната година се најавува ново ажурирање на оперативниот систем „Иос“, кој на корисниците ќе им дава подобар увид во состојбата на батеријата, со цел да можат самите да утврдат дали таа влијае врз перформансите на телефонот.
Инаку, еве што конкретно вели „Епл“ во врска со своето необично, иако за некои и недоволно искрено извинување:
„Свесни сме за реакциите на нашите корисници во врска со начинот на кој го решававме проблемот со перформансите на уредите „ајфон“ со постари батерии и начинот на нашата комуникација при тој процес. Знаеме дека некои од вас се чувствуваат измамени од страна на „Епл“. Се извинуваме поради тоа. Имаше многу недоразбирања во врска со овој проблем, па затоа сега сакаме да ве запознаеме и да ги разјасниме промените на кои работиме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.