Контакт

Daily news

ЕСЧП констатира повреда на верската слобода во случајот „Православна охридска архиепископија -ПОА“

Објавено пред

Во денешната пресуда на Европскиот суд за човекови права беше констатирано прекршување на членот 11 (слобода на собирање и здружување) во врска со членот 9 (слобода на мислата, совеста и религијата) од Европската конвенција за човекови права, која произлезе од одбивањето на надлежните да се регистрира Православната охридска архиепископија (ПОА) како посебна верска заедница, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Постапката во Стразбур беше иницирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права во името на „Православната охридска архиепископија“, како верско здружение на коешто не му беше дозволено да се регистрира на национално ниво.

„И покрај двете постапки за регистрација на здружението кои беа водени пред домашните судови, и двете барања беа одбиени од формални причини. Освен формалните причини, надлежните државни органи се повикуваа и на две други основи за одбивање на барањето, и тоа: дека здружението-апликант било формирано од страна на странска црква или држава, што го правело неподобно за регистрација, како и дека неговото предложено име било проблематично, особено од аспект на тоа што тоа било многу слично со називот на „Македонската православна црква-Охридска архиепископија“ која има историско, религиозно и морално право во континуитет да го користи ова име. Со тоа, според надлежните државни органи, здружението имало за цел да претставува паралелна верска институција на МПЦ“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Во рамките на домашната постапка, здружението-апликант покрена и две безуспешни постапки пред Уставниот суд, во коишто барањата за заштита на слободите и правата на апликантот беа отфрлени врз строго формални причини, без судот мериторно да се впушти во разгледување на основата на барањата на апликантите.

Потврдувајќи го широкиот простор за процена на државата во оваа област од аспект на односите помеѓу верските заедници, велат од Хелсиншкиот комитет, ЕСЧП во својата пресуда, сепак, укажува на должноста на државата да остане неутрална и непристрасна во извршувањето на нејзината регулаторна моќ во нејзините односи со другите религии и верски групи, како и да води сметка за сочувувањето на религискиот плурализам кој е од клучно значење за правилното функционирање на секое демократско општество, разрешувањето на проблемите низ дијалог и хармоничната интеракција меѓу поединците и групите како суштинска за постигнување социјална кохезија.

„ЕСЧП потенцира дека јавното мислење на државата не треба да биде заштитено на штета на малцинските ставови, така што ниту огромната важност што автокефалноста на МПЦ ја има за нејзините верници и поддржувачи не може да го оправда преземањето мерки кои би го спречиле апликантот сеопфатно и безусловно да почне со каква било религиозна активност. Токму врз таа основа, имајќи ја предвид потребата од одржување на религискиот плурализам, во ситуација на каков било конфликт помеѓу или внатре во рамките на самите верски групи, Судот во Стразбур експлицитно го осуди преземањето превентивни мерки со кои би се сузбила слободата на собирање и изразување во едно демократско општество“, се вели во соопштението.

За констатираната повреда на Конвенцијата, Република Македонија како тужена и одговорна држава е задолжена да му исплати на апликантот 4,500 евра како надомест на нематеријалната штета, како и дополнителни 5,000 евра за трошоците и издатоците настанати во врска со водењето на оваа постапка.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет2 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет2 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија16 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија17 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија18 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија20 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион20 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија21 час

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија21 час

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет24 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа1 ден

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет1 ден

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет1 ден

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 ден

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија2 дена

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...