Daily news
„Забрањено пушење“ на Битола отворен град 2017.
Култниот сараевски рок бенд “Забрањено пушење” и македонските реге предводници “Conquering Lion” се главните звезди на фестивалот “Битола Отворен град 2017” кој ќе се одржи од 27 до 30 јуни во Битола, во организација на Младинскиот културен центар-Битола. Публиката ќе го проследи настапот на двете групи под отворено небо на Широк сокак во среда на 28 јуни, со почеток во 21 часот во рамките на главниот музички хепенинг на фестивалот.
“Забрањено пушење” премиерно доаѓаат во Битола, со што публиката ќе ужива во енергијата на бендот кој во моментов се подготвува за настап на најголемиот регионален фестивал, новосадскиот “Егзит” на 8 јули.
Во пресрет на тоа бендот најави дека се ќе ечи од рокенрол. Оттука, Битола ќе биде претходница и подготовка за големиот настап на “Забрањено пушење” на “Егзит”, кои својата експлозивна музичка енергија прво ќе ја емитуваат во Битола, а дури потоа на “Егзит”.
Бендот е формиран во 1980 година од неколку сараевски гимназијалци, чиј прв албум е продаден во 100.000 примероци. Во 1984 година, групата тргна на голема балканска турнеја по што прерасна во еден од најголемите бендови на Балканот. Со 9 студиски албуми и со експлозивни настапи “Забрањено пушење” е бенд кој мора да се види во живо.
Пред публиката во Битола ќе настапи и македонскиот реге бенд “Conquering Lion” кој годинава одбележува една деценија успешно егзистирање на музичката сцена, при што стекнаа голема популарност и низ Европа. Досега имаат настапувано со големи реге имиња како “Gentleman”, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote и други. Во Битола ќе биде претставен нивниот најнов студиски албум “Land of confusion”, кој содржи песни во комбинација на реге, њу рутс и даб.
Дел од фестивалот “Битола отворен град 2017” е и јавната дискусија на 27 јуни во 19.00 часот во МКЦ на тема „Како до квалитетна публика?“. Оваа јавна дискусија ја третира темата Развој на публика. Дискусијата ќе се темели на документот ”Audience is Watching You – Challenges to Audience Development by Independent Cultural Organizations in Bosnia and Herzegovina, Macedonia and Serbia”, кој покрај заклучоци од серија јавни дискусии, содржи и препораки за донаторите и креаторите на политики, за истражувачите, образовните институции, граѓанските организации и културните работници.
На 29 јуни кај Саат кулата во Битола во 18.00 часот ќе се одржи работилница за модна илустрација, додека во 21.30 часот пред кафе барот “Instinct” ќе се одржи Моден перформанс поддржан од ДЈ сет – повеќе нијанси на електронска музика и електричен развој со акцент на електроклеш. Програмата на овој ден е авторство на мултимедијалниата артистка, модна дизајнерка и продуцентка Мелани Дигит.
На 30 јуни кај Саат кулата во Битола во 22.00 часот ќе настапат прогресив/кор метал бендот “Spectrum” и “Gargoyles” -бендот кој свири мешавина на sludge и blackened thrash метал.
Заради атрактивноста на главните звезди, како и заради традицијата главниот музички хепенинг на фестивалот да го посетува повеќеилјадна публика од земјата и странство, годинава се очекува уште поголем број фанови, што уште еднаш ќе го потврди статусот на главниот настан како најмасовен музички настан во Битола секое лето. Сите настани на фестивалот „Битола отворен град 2017“ се отворени и бесплатни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.