Daily news
Зад грчко-македонскиот гасовод стои олигархот Лебедев
Руски тајкун стои зад лиценцата за гасоводот што ќе ги поврзува Македонија и Грција. Според извор од ЕУ, зад грчката компанија „Виндоус интернешенел“ стои Александар Лебед еден од најбогатите руски олигарси.
„Неодамнешната апликација за лиценца упатена до грчките власти од страна на компанијата „Виндоус Интернешенел“, зад која стојат различни интереси околу проектот што ќе ги поврзе гасоводните мрежи на Македонија и на Грција, покрена чудења и многу прашања“, пишува порталот „Енерџипрес“.Компанијата „Виндоус Интернешенел“, според порталот нема никакво минато во енергетскиот сектор во Грција, што вклучува аларм, бидејќи овој прокет е клучен во намерите на Грчката влада да стане енергетски центар во регионот.
„Виндоус интернешенел“ поднел барање до РАЕ, Регулаторна агенција на Грција, кон крајот на март за добивање 50-годишна лиценца за поврзаната грчко-македонската гасна мрежа низ која се планира да поминуваат 1,5 милијарди кубни метри гас и да се покријат околу 50 километри територија само во рамките на Грција.
DESFA, грчкиот оператор на мрежата за природен гас неодамна потпишал Меморандум за разбирање со MER ,македонскиот партнер, за изградба на гасовод од 160 километри што ќе ги поврзува северниот дел на Грција со Штип и Македонија. Овој проект ќе и обезбеди на Македонија директен пристап до постоечкиот гасен терминал на Грција на остров Ревитуза, кај Атина, а наедно може да се поврзе и со други проекти, како гасоводот ТАП.
Барањето за лиценца било поднесено од „Виндоус интернешенел“ Грција СА,, подружница на истоимена компанија регистрирана во Луксембург.
Освен што се покажало дека грчката подружница на компанијата е непознат ентитет, истражувањето покажале исто така дека е тешко да се најдат податоци и за нејзината матична компанија, бидејќи освен адресата малку што може да се дознае за неа. Подлабоко истражување сепак покажало дека Кристијан Тајлер, член на рофесионална организација на сметководители и Тони Баев, извршен директор на компанијата „Balkan utilities”, активна со вложувања во енергетскиот сектор, се наведени како преставници на @Виндоус Интернешенел# во регистерот за транспарентност на ЕУ.
Инаку, бизнис базата на Лебедев е во Лондон каде што ги поседува весниците „Лондон ивнинг стандард“ и „Индепендент“.Во 1995 година тој ја презел тогаш проблематичната Народната банка на Русија која под негово водтство не само што излегла од криза туку и пораснала. Лебедев исто така има голем удел во руската компанија за електрична енергија РАО и интереси во Гаспром. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.