Контакт

Daily news

Заев за РСЕ: Распуштање и реизбор на судството (ВИДЕО)

Објавено пред

Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање – распуштање на судството и негов реизбор, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

dobivaj vesti na viber

Господине Заев, како што рековте, очекувате да станете премиер до крајот на месецов. Кои ќе бидат првите чекори како премиер?

Интересот на граѓаните, се разбира. Ние најавивме многу значајни мерки, кои што, некои се врзани дури и со рокови. Многу родители, многу наставници, многу деца чекаат да го укинеме екстерното тестирање, заради тоа што тоа е на крајот на мај или на почетокот на јуни, за да бидат начисто, оти и психолошки делува, верувам, и на целиот образовен процес при финишот на учебната година. Тука е укинувањето и на радио-дифузната такса, враќањето на евтината тарифа, веднаш донесување на закон за медиуми… одредени социјални мерки, коишто ги ветивме, се возможни без какви било промени на буџетот веднаш како законски решенија. Се плашам каков ќе биде тој прв момент кога ќе ги видиме сите тие „мечки“ што ќе излезат, но нема друга алтернатива, тоа е нашата земја, нашиот народ и верувам дека ќе успееме веднаш да ги нормализираме работите. Меѓу првите работи ќе биде, секако, и зголемувањето на минималната плата. Многу вакви решенија се веќе подготвени и јас верувам дека крајот на мај, почетокот на јуни ќе бидат донесени и секако едно решение кое мораме да го донесеме во Парламентот е промена на изборниот законик, заради одложувањето на локалните избори, верувам за на есен, но тоа го планираме во согласност со сите парламентарни партии.

Крвавите сцени од четвртокот во Собранието предизвикаа вознемиреност. Како по таквите случувања, ако станете премиер, ќе им служите на сите граѓани? Можно ли е помирување?

Секако дека мора да се случи политичко помирување, национално помирување, меѓуетничко помирување, партиско помирување. Преку глава ни е од делби и поделби, многу зла крв се пушти меѓу нашиот народ и не може да очекуваме перспектива и добра иднина за Македонија, ако тоа така остане. Јас сум православен христијанин, верник и најголемото простување во мојата вера, а верувам тоа е така и во муслиманската и во католичката и во сите – е да се прости на непријателот. Ние имаме политички непријател, други немаме. Тоа апсолутно значи дека секој ќе оди на Суд и ќе си понесе одговорност, но мораме меѓусебно да си ја испратиме пораката за простување ако сакаме да соработуваме. Јас сум свесен дека мојот мандат ќе биде успешен, водејќи ја новата влада на Македонија, ако не дозволам никој да има причини за нови блокади, за нови антагонизми. Искрено секогаш упатувам порака дека ќе ни треба соработка со опозицијата, ние може да си ги сакаме дома децата и семејствата, ама мораме да соработуваме заради реформите, заради животот и соживотот, заради граѓаните, заради нашата заедничка Македонија. Се надевам на реформи и во ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што целото ова злосторство кое е на повидок и го видоа граѓаните на Македонија е докажливо злосторство, сè што се случи, тоа е со умисла. Заради тоа што на новата власт и треба силна опозиција. Убедени сме дека новата власт само преку силна опозиција ќе биде одговорна, отчетна, транспарентна и целосно насочена кон интересот на граѓаните. Во такви околности помирувањето е неопходно, јас сум подготвен да пружам рака секому, да тераме заедно, сплотени, здружени, оти така ќе не почитуваат и соседите, така ќе не почитува и светот.

Дали ако се департизира судстото ќе има потреба од СЈО?

Специјалното јавно обвинителство е формирано со консензус на сите партии и сите пратеници во парламентот и тоа има своја намена и потреба за функционирање, опстојување и завршување за тоа што е формирано. Јас сум убеден и сакам, тоа да си ја заврши работата за која е формирано. Што значи да истражи сè што е поврзано и што произлегува од незаконското прислушување. Ако има докази да процесуира истраги и обвиненија, ако нема завршуваат истрагите тука. Тоа е она што го очекувам. Истовремено паралелно веднаш ќе мораме да ги отвориме процесите за независноста во судството. Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање – распуштање на судството и негов реизбор.

Од кога може да го очекуваме бројчаникот на Порта Македонија за враќање на парите?

Колку побргу правосудните органи донесат правосилни пресуди, толку побрзо ќе дојде и бројчаникот, заради тоа што законите во Македонија постојат, конфискацијата на имотот е врзана со докажување на криминално стекнати пари, законите и денеска во Македонија се така. Јас очекувам ефикасни, чесни и независни судски пресуди,коишто ќе се однесуваат за мене, за социјалдемократите, за сите во Македонија, согласно тоа кога ќе биде утврдена дека некој украл пари, дека на незаконски начин го стекнал капиталот или парите, по закон тоа се конфискува. Штом ќе биде првото враќање во буџетот бројчаникот ќе се појави на Триумфалната капија.

Целото интервју е достапно на следниот линк:

https://www.slobodnaevropa.mk/a/28468609.html

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија1 час

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет2 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија2 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија3 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија4 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија4 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион4 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ6 часа

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа6 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија7 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет19 часа

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија22 часа

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија23 часа

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија23 часа

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички,...

Свет1 ден

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел...

Европа1 ден

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион1 ден

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...