Контакт

Daily news

Заев-Кити: Со претседавањето на Бугарија, се отвораат вратите на ЕУ и за Македонија

Објавено пред

Република Италија останува цврсто на ставот дека вратите на ЕУ и НАТО се отвораат и за Република Македонија и заради нагласената главна определба на Република Бугарија, како следен претседавач на ЕУ, земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, да бидат во приоритетите на следното проширување на унијата. Ваков е заклучокот од средбата што ја оствари премиерот Зоран Заев со делегација на Сенатот на Италија, предводена од Претседателот на сенатската Комисија за политики на Европската Унија Ванино Кити, и придружувана од амбасадорот на Италија во Скопје Карло Ромео.

dobivaj vesti na viber

Заев на средбата истакнал дека за Македонија е од исклучително значење долгогодишното и искрено пријателство со Италија, што особено било изразено со поддршката на Италија во периодот на осамостојувањето на Република Македонија, како и во сите клучни фази од процесот на евро-атлантските интеграции на нашата земја.

Претседателот на Владата посочил дека искрената соработка и взаемна доверба на двете земји на високо ниво, дава резултати и во економската соработка, а тоа го потврдува фактот дека Република Италија е меѓу петте најзначајни економски и трговски партнери на Република Македонија.

Како заеднички интерес на двете земји, бил потенциран развојот на Коридорот 8, како еден од првенствените проекти од Самитот на земјите на Западен Балкан во Трст годинава.

На средбата било констатирано и дека во Република Италија се едногласни кога е во прашање интергацијата на Западен Балкан во ЕУ, и дека и понатаму останува силен афирматор и поддржувач на стратешките цели на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО.

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија4 часа

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија10 часа

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ10 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија11 часа

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија12 часа

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион12 часа

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа13 часа

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет14 часа

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...

Европа15 часа

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана со убиство,...

Свет15 часа

Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме

НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот...

Македонија1 ден

Топлотен бран во Македонија: Бремените и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не излегуваат на отворено до 17 часот

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни...

Топ1 ден

Залутан куршум заврши во грбот на скопјанец додека возел велосипед низ Чаир

Додека 35-годишниот А.Ф. од Скопје се возел со својот велосипед во Чаир, почувствувал болка во грбот. Бил пренесен во болница,...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Каде што има големи ветувањата, одете со мала торба, предлогот за влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата влада јасно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: До Собранието поднесени програмата и составот на новата влада, очекувам на дневен ред да бидат ставени викендов

„Штотуку во архивата на македонското Собрание ја поднесов предлог-програмата за работа на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар, а...

Македонија1 ден

„Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните“, велат од партијата Левица

„Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата, која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни...

Македонија1 ден

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која...

Македонија1 ден

Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката за електроавтомобили, прашуваат од партијата Левица

„Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, Next.E.Go, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. Next.E.Go, или кај нас познати...

Топ2 дена

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во бездна длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет2 дена

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...