Контакт

Daily news

(Видео) Заев – Јункер: Нема фаворити за поширувањето на ЕУ – секоја земја одделно ќе се вреднува

Објавено пред

Република Македонија е држава партнер која ќе шири безбедност и сигурност. Домашните реформски иницијативи и активностите наменети за надворешната политика никогаш не биле подинамични. Ние ќе испорачаме резултати затоа што овие реформи се пред сè за наше добро. Но, во исто време, очекуваме нивно соодветно препознавање и вреднување од европските институции. Во оваа смисла 2018 година ја гледаме како клучна за иднината на Македонија, но и на цел Западен Балкан. Затоа очекуваме, со право, Република Македонија да стане дел од Стратегијата за проширување на ЕУ најавена да биде соопштена наредната година, истакна премиерот Зоран Заев по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

dobivaj vesti na viber

По средбата, како прва со македонски премиер на актуелниот претседател на Европската комисија, Заев и  Јункер имаа заедничка изјава за медиумите. Заев притоа рече дека очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ од Европската комисија и евентуален датум за претпристапни преговори на ЕУ со Република Македонија во 2018 година одобрен од Советот на ЕУ.

„Време е во многу блиска иднина да се направи неопходниот исчекор и Република Македонија, со европски ветер во грбот, да ја заокружи визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Заеднички, Република Македонија, државите од регионот и Европската Унија да го зграбиме моментот, за доброто на сите граѓани. Оваа денешна средба го потврдува партнерството и пријателството на ЕУ и Македонија“, потенцираше тој.

Според Заев, средбата со Јункер поминала во пријателска и срдечна атмосфера.

„Ја искористивме оваа можност да изразиме поддршка за неговото визионерство во најавувањето на Стратегијата на ЕУ за проширување во 2018 година. Ова беше добра можност и непосредно да го искажеме нашето очекување дека пакетот за проширување на ЕУ го опфаќа и Република Македонија. Сметаме дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување. Го запознавме претседателот Јункер со тие аргументи, како и со напорите што ги прави новата Влада која ја презеде власта по длабока политичка криза која траеше со години“, изјави Заев.

Тој додаде: „Владата го усвои итниот реформски план 3-6-9. Сите одредници од планот досега, успешно и интензивно ги исполнуваме веќе 5 месеци. Клучни области во кои вложуваме најмногу енергија се оние кои беа утврдени како приоритетни во Извештајот на Високата експертска група на Прибе поддржана од Европската комисија: Правосудство, Реформа на разузнавачките служби, Реформи во јавната администрација и засилување на независните регулаторни тела и медиумите. Во сите овие области направивме важни и крупни чекори за суштински промени. Наша главна мотивација е градењето силна доверба на граѓаните во институциите. Отпочната е суштинска трансформација на судството, на јавната администрација и јавните услуги. Го забрзуваме економскиот развој во Република Македонија.

Интензивно работиме на подобрување на односите со сите наши соседи, потпишавме Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија и веќе конкретно го спроведуваме со премиерот Борисов. Имавме заедничка владина седница и потпишавме десeтина значајни договори. Претстојат заеднички седници и со Албанија и Србија. Имаме желба и подготвеност со Грција забрзано и заеднички да работиме на мерките за градење доверба, и за решавање на проблемот, под покровителство на Обединетите нации“, рече Заев.

Премиерот истакна дека целосно го поддржуваме Берлинскиот процес и Регионалната економска област која е конкретна рамка за исполнување на регионалната соработка под покровителство на ЕУ. „Процесите и проектите што ги почнавме во рамките на овој процес, значително учествуваат во подигањето на политичките, на економските и на другите општествени стандарди, соодветно на оние на ЕУ. Македонија останува кредибилен партнер на ЕУ при справувањето со заедничките предизвици кои произлегуваат од мигрантската криза. Целосно ги спроведуваме одлуките на европските институции во политиката кон мигрантите.

Од своја страна претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер истакна дека првата средба со премиерот Заев е само почеток на едно долго и искрено пријателство и дека Европската комисија е целосно посветена на подготовката и на спроведувањето на следнoто проширување на ЕУ, особено кон земјите на Западен Балкан. Јункер нагласи дека во напредокот кон точката за отпочнување преговори нема фаворити и дека секоја земја одделно ќе се вреднува според сопствениот прогрес.

На прес- конференцијата на која зборуваше и комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, беше истакнато дека останува и понатаму имплементирањето на точките од Планот 3-6-9, креирани врз основа на преговорите од Пржино и од препораките на групата експерти предводени од Прибе.

На средбата со новинарите беше истакнато и дека процесот на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, е процес од национален интерес и дека сите засегнати страни треба да застанат во поддршка на процесот како дел од стратешките определби на земјата



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет7 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет10 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет11 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет13 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет14 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет14 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет15 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет16 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет16 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет2 дена

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...