Контакт

Daily news

Засилени полициски проверки во шпицот на сезоната во Охрид

Објавено пред

Во периодот кога Охрид  го живее туристичкиот шпиц и кога  на сообраќајниците нагласено е присуството на патнички и други возила, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај постојано врши превентивни, а во исклучителни ситуации и репресивни мерки, со цел одржување беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона, соопшти СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на минатата седмица, откако бележиме значително зголемување на патнички и други моторни возила низ сообраќајниците во градот, а посебно во централното градско подрачје, полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид изврши стотина превентивни укажувања за сторен прекршок и исто толку предупредувања на учесници во сообраќајот, но и достава на исто толку покани за сообраќајни поуки. Во услови кога немало друга можност и решение, полициските службеници во 15 случаи, со специјално возило т.н. „пајак“, извршиле подигање на патнички автомобили непрописно оставени и паркирани на коловозни и други несоодветни места за таа намена. Најголемиот дел од нив, вкупно осум, се подигнати од плоштадот  ‘Св.Климент Охридски’, кеј ‘Македонија’, плоштад ‘Крушевска Република’ и на улицата ‘Коста Абраш’ кај хотел ‘Александрија’. Останатиот дел непрописно паркирани и оставени возила се подигнати од булеварот ‘Туристичка’, улиците ‘7 ноември’ и ‘Стив Наумов’,  како и на патот пред  плажа во комплексот ‘Славија’  и кадиолошкиот завод. По основа на овие, но и по други основи од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изречени се вкупно 24 мандатни  прекршочни платни налози“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Сите активности на полициските службеници се преземени според однапред утврден план за работа, според кој полициската станица мерките ги презема самостојно, но и во соработка со други надлежни субјекти. Врз основа на тоа, во изминатава седмица мерки биле преземени во координација со Државниот и општинскиот  инспектор по патен сообраќај. Заедничките контроли биле поврзани во врска  со превоз на лица, стоки и опасни материи, но и на возила кои вршат јавен превоз на патници (сезонски превоз, општински линиски превоз и такси превоз). По овие основи, биле извршени 16 контроли при што биле констатирани пет прекршоци, а едно возило било исклучено од сообраќај.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ48 минути

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Македонија3 часа

Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците

Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи...

Македонија3 часа

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија3 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија6 часа

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион6 часа

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет6 часа

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет6 часа

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет18 часа

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија21 час

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија1 ден

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија1 ден

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија1 ден

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија1 ден

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија1 ден

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија1 ден

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија1 ден

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет1 ден

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет1 ден

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...