Daily news
Иванов: Европската Унија сè уште не е Европа

Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ во Лондон порача дека Европската Унија мора да изнајде нов начин на носење одлуки во време на криза и потенцираше дека европските земји мора да имаат поголем слух за заедничките безбедносни закани.
-Балканот, за жал, останува надвор од Европската Унија. Ова искуство со мигрантската криза е лекција до европската бирократија да сфати дека Европската Унија сè уште не е Европа и не може да зборува од името на Европа. Балканот сè уште не е дел од Европската Унија. И сè додека Балканот не влезе во Европската Унија, ЕУ ќе се соочува со ова што сега го имаме. Научивме дека во Европската Унија безбедносните служби немаат доверба меѓу себе. Не ги споделуваат информациите, и не постои свест дека постои заедничка закана. Тероризмот не е оној кој бил во шеесеттите, седумдесеттите години. Тероризмот ги користи сите нови технологии, социјални мрежи, користи дури кодирани сателитски врски и секој пат е понапред од која било полиција или разузнавачка служба, рече Иванов во обраќањето на тема „Македонија, миграциите и безбедноста: научени лекции“.
-Оставени сами на себе, како држава увидовме дека мора да ги преземеме нештата во свои раце. Македонија најуспешно се справи со мигрантите. Колку што можеше, им помагаше на сите. Многу е лесно да се критикува од неутрална позиција, без да имате одговорност за последиците од сето тоа што се случуваше за време на мигрантската криза, порача претседателот на Република Македонија.
Зборувајќи за безбедносниот аспект на кризата, Иванов истакна дека иако балканската мигрантска рута е затворена, илегалната миграција сè уште не е спречена и дека криминалните криумчарски мрежи имаат главна улога во генерирање на безбедносните закани за Македонија и Европа.
Иванов пред присутните во „Чатам хаус“ го образложи планот со кој Македонија успеа да го регулира мигрантскиот бран со еден влез и еден излез.
-Се покажа дека кризата не може да се реши само со политички декларации и бирократски процедури, рече Иванов, туку мора да се менаџира со помош и поддршка и од страна на безбедносните служби и армиски структури. Тоа наше искуство подоцна го прифатија и други земји од Балканската рута, и армијата беше таа која ѝ помогна на полицијата во контролата и регулирањето, со што пролетта 2016 Балканската рута се затвори, рече македонскиот претседател.
Македонскиот претседател истакна дека миграциите не се завршени бидејќи во непосредна близина на надворешните граници на Европа се наоѓаат меѓу 20 и 30 милиони потенцијални мигранти.
Претседателот констатираше дека на балканските држави им е потребна Европската Унија бидејќи луѓето едноставно сакаат правна сигурност.
Во рамки на работна посета на Велика Британија, македонскиот претседател одржа обраќање на престижната Оксфордска унија и оствари средби со спикерите на двата дома на британскиот Парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.