Контакт

Daily news

Именувани 67 нови директори на државни органи и казнeно-поправни установи

Објавено пред

Владата денеска ги објави имињата на 67 нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено-поправни установи.

dobivaj vesti na viber

„Комисијата за кадровски прашања во Владата за секое лице одделно ги провери содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнува условите за именување и соодветно на фактите со потврдата за исполнување на условите за именување, Владата денеска ги објави одлуките во „Службен весник“ на Република Македонија“, соопшти владината прес-служба.

Во продолжение се наведени имињата на функционери и директори на органи, државни управи и казнено-поправни установи што се во надлежност на Владата:

За вршител на должноста директор на Државниот испитен центар – Неџмедин Садику; за вршител на должноста на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, орган во состав на Министерство за здравство, се именува Ирина Бухова; за вршител на должноста директор на Агенцијата за филм на Република Македонија се именува Горјан Тозија; за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Дритон Небиу; за вршител на должноста директор на Бирото за метрологија, орган во состав на Министерство за економија, се именува Роберт Василковски; за вршител на должноста директор на Јавната установа Национален парк „Маврово“ – Маврови Анови се именува Самир Ајдини; за вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се именува Александар Донев; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Охрид“ се именува Ристе Недески; за вршител на должноста директор на Управата за финансиска полиција, орган во состав на Министерството за финансии, се именува Арифат Муареми; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Гевгелија“ се именува Слободан Џонич; за вршител на должноста директор на Агенцијата за лекови и медицински средства се именува Роберт Бекироски; за вршител на должноста директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија, се именува Исен Шабани; за вршител на должноста заменик-директор на Агенцијата за млади и спорт се именува Газменд Ристеми; за вршител на должноста директор на КПУ „Казнено-поправен дом Идризово“ со отворено одделение во Велес се именува Ќерим Махмути; за вршител на должноста директор на КПУ „Воспитно-поправен дом“ – Тетово се именува Зоран Стојановски; за вршител на должноста директор на Агенцијата за катастар на недвижностите се избира Борис Тунџев; за вршител на должноста директор на Државната фитосанитарна лабораторија, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Миодраг Стевановиќ; за вршител на должноста директор на Управата за водостопанство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Славе Арсовски; за вршител на должноста главен ревизор на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош се именува Адем Цури; за вршител на должноста директор на Државниот девизен инспекторат, орган во состав на Министерство за финансии, се именува Максуд Али; за вршител на должноста директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се именува Стојан Славески; за вршител на должноста директор на Геолошкиот завод на Република Македонија се именува Науаф Баара; за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, орган во состав на Министерството за транспорт и врски, се именува Борјанчо Мицевски; за вршител на должноста директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се именува Александар Младеновски; за вршител на должноста директор на Управата за имотно-правни работи, орган во состав на Министерството за финансии, се имиенува Едина Рахмани; за вршител на должноста директор на Агенција за остварување на правата на заедниците се именува Илхан Рахман; за вршител на должноста заменик на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците именуван е Џељо Хоџиќ; за вршител на должноста директор на Диеркцијата за заштита и спасување се именува Аднан Џафероски; за вршител на должноста директор на Управата за водење на матичните книги, орган во состав на Министерството за правда, се именува Ѓоко Котевски; Васил Коцев се разрешува од должноста директор на КПУ „Казнено-поправен дом“ – Штип, а за вршител на должноста директор именуван е Мики Тодоров; за вршител на должност заменик на директорот на Бирото на развој на образованието, орган во состав на Министерството за образование и наука, се именува Ванчо Петрушевски; за вршител на должност директор на Фондот за осигурување депозити се именува Борче Хаџиев; за претседател и член на Комисијата за жалби се именуваат: претседател: Елена Начевска, член: Марија Спиреска; за вршител на должноста директор на Управата за сигурност во железничкиот систем, орган во состав на Министерството за транспорт и врски, се именува Абдулкадир Исаки; за вршител на должноста директор на Службата за просторен информативен систем, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, се именува Зулхајрат Демири; за вршител на должноста директор на Агенцијата за управување со одземен имот се именува Фатон Асани; за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се именува Данаил Дончев; за вршител на должноста директор на Дирекцијата за радијациона сигурност се именува Светислав Ѓорѓиевиќ; за вршител на должноста директор на Бирото за јавни набавки се именува Ѓорѓи Георгиевски; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Куманово“ со отворено одделение во Крива Паланка, се именува Марјан Спасовски; за вршител на должноста директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид, Република Македонија, се именува Андон Бојаџи.
За вршител на должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој се именува Јово Деспотовски; за вршител на должноста директор на Државниот завод за статистика се именува Зирап Асани; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Прилеп“ се именува Слободанчо Ристески; за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, орган во состав на Министерството за локална самоуправа, се именува Агим Муртезани; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Струмица“ се именува Жанета Багарова; за вршител на должноста директор на Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, се именува Билјана Зефиќ; за вршител на должноста директор на Државниот комунален инспекторат, орган во состав на Министерството за транспорт и врски, се именува Ивица Димитров; за вршител на должноста директор на Управата за финансиско разузнавање, орган во состав на Министерството за финансии, се именува Блаже Трендафилов; за вршител на должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се именува Никола Бабоски; за вршител на должноста директор на Управата за хидрометеоролошки работи, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Ивица Тодоровски; за вршител на должноста директор на Управата за извршување на санкциите, орган во состав на Министерството за правда, се именува Јовица Стојановиќ; за вршител на должноста заменик на главниот ревизор на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош се именува Лиман Мухаџири; за вршител на должноста управител на Друштвото за изградба, управување и издавање повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ – ДООЕЛ Скопје се избира Александар Петровски; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Скопје“ се именува Александар Наумовски; за вршител на должноста директор на Царинската управа, орган во состав на Министерството за финансии, се именува Ѓоко Танасовски; за вршител на должноста директор на Бирото за судски вештачења, орган во состав на Министерството за правда, се именува Ирфан Одаи; за вршител на должноста директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија се именува Билјана Јовановска; за вршител на должноста заменик-директор на Државниот испитен центар се именува Елвин Хасан; за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за земјоделство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Јане Станкоски; за вршител на должноста директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија, орган во состав на Министерството за култура, се именува Менфи Илјаз;
за вршител на должноста управител на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје е избран Марјан Огњановски; за вршител на должноста директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи е именуван Анте Поповски; за вршител на должноста директор на Агенцијата за иселеништво е именуван Никола Шалваринов; за вршител на должноста директор на Управата за прашања на борците и воените инвалиди е именуван Вангел Димов; за вршител на должноста директор на Управата за културно наследство е именувана Елеонора Петрова; за вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Битола“ е именуван Драган Крајовски.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија11 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија13 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија15 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија16 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија17 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија17 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија17 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија17 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија17 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија18 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија18 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија19 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа20 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет20 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет21 час

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет21 час

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет21 час

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет21 час

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...