Daily news
Ифимес: Членството се дистанцира од Груевски
„Дегруевизацијата на Македонија не претставува само соочување со причините и последиците на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, туку е и долготраен процес на демонтажа на тој режим кој е присутен во сите сегменти на македонското општество“, оценува Меѓународниот институт Ифимес по повод локалните избори во земјата.Според анализата, Груевски и соработниците не можат да избегнат одговорност и судска постапка за се што направиле во текот на нивното 12-годишно владеење.
„Груевски на локалните избори оди со сценарио дека преку нив ќе исценира криза и предвремени парламентарни избори и така ќе се обиде политички да преживее.Но, тој е свесен за поразот и веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го мери успехот или неуспехот според бројот на добиените општини, иако победата во големите градови има многу поголема тежина отколку во руралните средини.
Покрај тоа Груевски ќе мора да се соочи со тешките обвиненија на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и со растечкиот отпор во ВМРО-ДПМНЕ, чии членови се повеќе сакаат партијата да ја преземе поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски. Внатре во ВМРО-ДПМНЕ веќе трае процес на оддалечување на дел од членството и на некои високи функционери од извршениот криминал во нивно име, што отвора можност за создавање на нова политичка партија“, стои во анализата.
Груевски, оценува натаму Ифимес, ја промаши и темата на изборната кампања, бидејќи во кампањата за локалните избори ја критикува актуелната влада која е само четири месеци на власт, а на предизборните митинзи се фали со направеното додека беше на власт, која пак беше поразителна за граѓаните на Македонија. Целокупната кампања на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон спасување на Никола Груевски“, смета Ифимес.
Меѓународниот институт ИФИМЕС оценува исто така дека локалните избори се исклучително значајни за иднината на Македонија, бидејќи ќе претставуваат продолжување на позитивните политички процеси и промени започнати на претходните претходни парламентарни избори што се одржаа на 11 декември 2016 година.
„Победата на коалицијата околу СДСМ ќе значи брзо продолжување на реформата на судството и судското процесирање на (не)одговорните поединци, кои се огрешија од законот последните 12 години од вршењето на власта. Обратно, ситуацијата ќе доведе до блокирање на понатамошните демократски процеси и повторни опструкции, кои би можеле да ја вратат Македонија во периодот пред прекинот на режимот. Сега и локалните заедници се обесхрабрени бидејќи дури во 57 општини раководството не е сменето веќе 12 години. Изборот на нови раководства на локалните заедници во Македонија ќе претставува нов поттик за демократските процеси и фокусирање на работата на локалните заедници како сервис на граѓаните“, оценува Ифимес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.