Контакт

Daily news

Како да не се посрамотите во странска земја?

Објавено пред

Погрешни гестови со рацете можат да е вовлечат во неволја

dobivaj vesti na viber

Тука во САД, никогаш серизоно не би му покажете „птица“ (подигнат среден прст) на непознат туѓиннец, нели? (само поминете преку ова и речете: Кој јас? Не, никогаш!) Но кога патувате во странство, можно е сосема ненамерно да му ја направите оваа груба гестикулација на чесен келнер, рецепционер во хотел или на некој добронамерник кој поминува покрај вас, ако не сте запознат со локалните обичаи. Покажете му знак ОК (испружен палец и стисната тупаница) и – честитаме! – веќе длабоко сте го навредиле. Во Велика Британија, покажување на знакот за мир (виктори или раширени показалец и среден прст) со дланката свртена кон вас, е еднакво на американската „птица“. Во Шпанија, покажувањето на показалецот и малиот прст од вашата рака е навреда.

Сакате да допирате?

Да се допре или да не се допре, во странство тоа може да биде незгодно. Тука во САД, релативно сме резервирани во споредба со некои европски земји кога ќе дојде до повреда на личниот простор за време на пријателски разговор. Но во споредба со голем дел од Азија и Африка, можеби изгледа дека претерано се прегрнуваме. Во Италија и Франција, одржувањето контакт со очите и посегање и допирање со прстите за време на пријателски разговор, се смета за поучтиво отколку само стоење со рацете во џеб и гледање над нечии рамења. Но во Кина или Германиија, тоа ниво на допирање ќе предизвика непријатност кај другиот, а во некои други култури, како што е Нигерија, одржувањето контакт со очите може да се сфати како претерано смело или заканувачки. Што се однесува до јавно покажување на пристност, бидете подготвени да се справувате со тоа при посета на повеќе дестинации во Азија и Африка, и не се истакнувајте премногу каде и да сте (можеби со исклучок во Париз), се додека не бидете цврто убедени дека, да речеме, бакнувањето на тротоар е вообичаено.

Внимавајте на вашите манири на маса

Лактовите не на маса? Исчистете ја чинијата како што ве научила мајка ви? Не брзајте. Обичаите за храна варираат од култура до култура, и понекогаш можеби ќе изгледаат несмасни или безвезни. На Блискиот исток и во Индија, но и во делови на Африка, ако ги држите лактовите на масата тоа не е пристојно – не би требало да допирате што било на масата со левата рака (тоа се смета за валкано). Во Франција се смета за поучтиво ако го ставите парчето леб на маса, отколку во вашата чинија. Сркајте супа во Јапонија и никој нема да ви обрне внимание. Сркајте супа во Кина и ќе бидете грд Американец. Во Кина се очекува да јадете ориз со стапчиња, но на Тајланд тоа се смета за непристојно (таму можете да користите лажица). Во Бразил и Чиле, не јадете ништо со раце (ниту помфрит). Во Италија и на Куба, ако го ставите приборот за јадење од десната страна на чинијата, тоа значи дека сте завршиле со јадењето. Но во Шпанија, ако го ставите врз чинијата, тоа значи дека сте завршиле со јадењето. Исчистете ја чинијата во Еквадор и ќе ве погледнат попреку, но во Перу, ако ја исчистите чинијата, тоа се смета за учтиво. И запомнете дека ако седнете да јадете во друштво надвор од САД, постојат големи шанси да чекате домаќинот или највозрасниот на масата да почне да јаде пред вие да се фрлите на тоа што ви е во чинијата.

Кренете ја чашата? Не веднаш.

Ако сте помислиле дека американските ритуали и обичаи поврзани со алкохолот се малку чудни (што всушност значи она „Да ти се заматат очите“), ќе ви олесни кога ќе научите дека остатокот од обичниот свет може да биде исто толку збунувачки. Кога Русин ќе ви понуди вотка, учтиво е да ја прифатите – и наискап да ја испиете. Слично на ова, не треба никогаш да одбиете понудено саке во Јапонија (иако тој топол пијалак треба по малку да се пие, наместо да ја зафрлате главата наназад). Во некои земји, меѓу кои Швајцарија, непристојно е да почнете да пиете пред да се каже здравица. А ритуалите со која рака да ја прифатите чашата (или со двете), во кој правец да ја подадете, чија чаша да наполните и други изненадувачки важни потези од културната догма, треба да се усовршат по консултација со сигурни извори, како што е серијата книги на Дин Алан Фостер, „Глобален водич за манири“. Запомнете дека во некои култури алкохолот е забранет – со него нема да ве послужат во Саудиска Арабија или во Обединетите Арапски Емирати.

Моментот на оставање бакшиш

Никогаш нема да излезете од американски ресторан без да оставите барем 15 проценти од сметката на маса (освен ако услугата била ужасна и грозна). Но во многу делови од светот, оставањето бакшиш е или пресметано во сметката и пристојно истакнато, или пак е непотребно, бидејќи келнерите се платени многу повисоко отколку нивните колеги во САД. Не оставајте напојница во Јапонија, Австралија и Бразил. Оставете 5 до 10 проценти за исклучителна услуга во Италија, Франција и Германија. Оставете 10 до 15 проценти во Египет, Јужна Африка, Русија и Хонг Конг (но никаде не оставајте на други места во Кина).

Не ја потценувајте моќта на говорот на телото

С еуште не сум бил во Швајцарија, но таму има еден обичај кој треба да го усовршам пред да одам. Држењето на рацете во џеб додека разговарате таму се смета за многу непристојно. Звучи надмено? Одете во Турција, каде секогаш е прифатливо пријатели од ист пол да се држат за раце. Во некои земји, меѓу кои и Перу, не смеете никако да ги прекрстите нозете кај зглобовите. Во други, како Саудиска Арабија прекрстувањето на нозете преку колена е табу. Веќе знаете дека е вообичаено да ги соблекувате чевлите кога влегувате во дом во источна Азија, но се обложувам дека не знаете дека во некои култури, меѓу кои и поголемиот дел од арапскиот свет, покажувањето на стапалото од вашите нозе или покажување кон нешто со нозете се смета за непристојно.

Облечени за успех

Освен ако не сте тргнале кон Австралија или Канада, добра идеја е да се облечете малку поконзервативно кога ги напуштате САД. Покријте ги нозете и рацете, и избегнувајте маици со слогани или слики кои можат да ги навредат туѓинците. (Патувате со тинејџер? Можеби ќе биде тешко да го убедите да ја остави дома маицата со логот на „Епски пад“ (www.epicfail.com), но вреди и да се обидете!)

Не спомнувајте војни

Тоа се можеби најумните зборови на секогаш смотаниот Бејзил Фолти, најлошиот сопственик на хотел, кој го играше Џон Клиз од Монти Пајтон во британската ситком комедија „Фолти тауерс“. Кога туристите од континентална Европа доаѓаат во неговиот хотел, Фолти ги потсетува вработените во хотелот: „Не ја спомувајте вијната!“ Всушност, кога ја претставувате САД во странство, нема да згрешите ако сосема ги избегнувате темите како што се војни, скандали, права, политика, религија и дипломатски односи со САД. Се разбира, кога веќе ќе запознаете локален жител или нов сопатник, нема ништо поубаво од доцнавечерни отворени културни размени на мисли, и искоритете ги. Но за време на службени состаноци и со туѓинци, затворете ја устата!

Научете ги волшебните зборови

Веќе еднаш кажавме и уште еднаш ќе повториме: Учењето на основните фрази во некој странски јазик, како што се „Здраво“, „Довидување“ „Ве молам“, Ви благодарам“ „Извинете“ „Каде е тоалетот?“ и „Дали збрувате Англиски јазик?“ ќе ве приближи кон присутните во кој било локал каде сте влегле. Ви требаат само неколку минути за да ги научите волшебните зборови кои можат туѓинецот да го претворат во пријател, каде било на планетава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 час

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ4 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија4 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет6 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет6 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет7 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион7 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет7 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија18 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија18 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија19 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија21 час

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...