Контакт

Daily news

Коцевски вети дека ќе обезбеди чиста и здрава вода за пиење за сите населени места во Велес

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Аце Коцевски, вети обезбедување услови за живеење во здрава животна средина.

dobivaj vesti na viber

„Затоа ние се обврзуваме пред граѓаните на Велес најнапред да обезбедиме чиста и здрава вода за пиење за сите населени места каде што тоа досега не е решено на соодветен начин. Се обврзуваме да ги замениме сите преостанати азбест-цементни цевки од водоводната мрежа кои претставуваат опасност за здравјето на луѓето, се обврзуваме да ги замениме сите азбест-цементни покриви од јавните институции во Велес затоа што и тие се потенцијална опасност за здравјето на дечињата, а и на вработените во јавните институции“, рече Коцевски.

Тој рече дека се обврзува проблемот со цврстиот комунален отпад да го реши на современ начин, со изградба на регионална фабрика на цврстиот комунален отпад со општините во Вардарскиот Регион, каде што ќе овозможи современ третман на селектирање и одлагање на комуналниот отпад на домаќинствата.

Коцевски вети изградба на нови зелени површини, соодветен третман на кучињата скитници и соодветни анализи за состојбите и случувањата во јавното комунално претпријатие „Дервен“.

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија12 минути

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија27 минути

(Фото) Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија46 минути

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и перење 225 милиони евра црни пари да не ти постави ниту еден новинар прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби да не ти...

Македонија1 час

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија2 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ2 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет3 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет4 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет5 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија5 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија15 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија16 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија17 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија21 час

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ21 час

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија22 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија24 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет24 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...