Daily news
Кој мистичен квадрат најмногу ве привлекува и што тој порачува?!
Брзо одлучете кој мистичен квадрат најмногу ве привлекува и прочитајте во продолжение што тој ви порачува.
Ако мислите тоа е вашата вселенска порака, споделете го овој забавен тест со вашите пријатели.
1.
Време е да ги надминете вашите стравови. Во што и да се колебате, имајте на ум дека секогаш постои позитивен начин на приближување кон работите. Вие сте многу силна личност, потребно е само да верувате во тоа и ќе се движите напред. Најмоќната работа што ја имате е вашиот ум.
2.
Време е да се препуштите на животот и да оставете патот пред вас сам да се разоткрие. Не грижете се за вашиот следен потег. Кога се грижте себеси си создавате пречки. Животот нека се случи. Само ако го направите тоа и започнете да одите по својот пат, низ него ќе најдете сѐ што ви е потребоно.
3.
Сега е потребно да се фокусирате на вашата врска со природата и односот со самите себе. Фокусирајте се на создавањето рамнотежа помеѓу работата, семејството и поминувањето доволно време на отворено. Потпрете се на природата кога се чувствувате изгубени. Природата е „создавање“. Природата е дом.
4.
Морате да бидете повеќе отворени кога се во прашање другите луѓе и нивното мислење. Не е сè црно и бело, ниту пак треба да биде. Морате да донесувате одлуки врз основа на гледање на секоја ситуација и од сите агли. Тоа е единствениот начин како да се биде фер во секој поглед.
5.
Време е да започнете најдобро да го создавате вашиот живот! Вие ја имате моќта да направете ништо и сè , а сѐ што се бара од вас е само да се обидете. Сфатете го она што го чувствувате. Дали сакате да почувствувате љубов, здравје или богатство? Не се работи за работите што сакате да имате, туку за чувствата што треба да ги имате. Ако навистина нешто сакате да го имате, ќе биде ваше.
6.
Понекогаш треба да направите пауза од некои работи. Оставете сѐ што не ви дава да спиете и ви ја исцрпува енергијата. Оставете некој друг да се грижи за овие работи некое време. Фокусирајте се на она што сакате навистина да го направете. Што е она што ќе направи да се чувствувате успешни и креативни. Важно е да се има рамнотежа, а чувството како да сте заробени во сè што правите е многу нездраво. Давајте знаци дека ви е потребна помош.
7.
Време е навистина да го слушнете она што срцето ви кажува да го направете. Користите ја вашата интуиција. Сè е енергија и затоа сè е поврзанo. Не се сомневаjте во вашите внатрешни пораки. Тие обично се точни. Знаците се насекаде околу вас. Бидете отворени за сите пораки во животот.
8.
Животот може да биде позитивен и негативен, светол и темен, среќен тажен… Дури кога ќе можете да учите нешто од проблемите, вашиот живот ќе биде повеќе позитиввен. Неопходно е да развиете чувство за разбирање на сите животни ситуации и за сите животни лекции.
9.
Вие сте сакани, дури и ако немате некој околу себе со кој ќе разговарате. Вас ве сака цела вселена. Енергијата е во создавањето. Создавањето е љубов. Создавањето сте вие. Кога испраќате љубов на сите, љубовта од секаде ви се враќа. Испратете љубов кон некого кого го знаете. Ако не знаете кому, испратете им љубов на дрвјата, растенија, животните, Господ, или пак на луѓето воопшто и љубовта ќе ја добиете назад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.