Daily news
Кој ја измислил нулата?
Можеби изгледа како очигледен дел од кој било нумерички систем, но изненадува тоа што нулата е понов изум во човековата историја. Всушност, познатиот симбол за „ништо“ не дошол во Европа се до крајот на 12-от век.
Потеклото на нулата датира од „плодната полумесечина“ на стара Месопотамија. Симеријците оставале простор за да наведа отсуство на ред на броеви дури пред 4.000 години, но првото забележано користење на симбол сличен на нулата датира некаде околу третиот век пр.н.е., во стариот Вавилон.
Вавилонците развиле систем на броеви на основа на вредноста на 60, и создале посебен знак – две мали клинчиња – за да разликуваат помеѓу магнитудите, исто како модерниот децимален систем кој ја користи нулата за да се прави разлика помеѓу десетките, стотките и илјадинките. Сличен вид на симбол бил користен во Јужна Америка некаде помеѓу 350 г.н.е., кога Маите почнале да го користат маркерот нула во нивните календари.
Во овие први системи на броеви нулата се сметала само како поврзувач – а не како бројка со свои уникатни својства. Важноста на нулата не се појавила се до седмиот век од н.е. во Индија. Таму математичарот Брамагупта и други, користеле мали точки под бројките за да прикажат нула поврзувач, но исто така ја сметале нулата и како мала нултна вредност, наречен „сунња“. Исто така Брамагупта бил првиот кој укажал дека број поделен сам со себе е еднаков на нула.
Од Индија, нулата стигнала во Кина и назад на Блискиот исток, каде ја презел математичарот Мухамед Ибн Муса ал Коваризми, околу 773 година. Токму ал Коваризми бил прв кој ја синтетизрал индиската аритметика и покажал како нулата може да функционира во алгебарските равенки, и така до деветиот век нулата влегла во арапскиот нумерички систем со својот овален облик кој и денес го користиме.
Нулата продолжила да мигрира уште неколку века, пред конечно да стигне во Европа околу 12-от век. Мислителите, како што бил италијанскиот математичар Фибоначи, помогнале да се воведе нулата во мејнстримот, и подцна таа воглавно играла значајна улога во делата на Рене Декарт заедно покрај Сер Исак Њутн и пронаоѓањето на калкулусот на Готфрид Лајбниц. Оттогаш, концептот на „ништо“ продолжил да игра улога во развојот на се, од физиката и економијата до инженерството и дигиталните комјутери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.