Daily news
Мета, молчејќи, даде зелено светло за законот за правата на малцинствата во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета одлучи да го искористи правото да не се изјаснува за Законот за заштита на малцинствата, кој во изминатите месеци беше во центарот на вниманието во земјата. Тој одлучи да не го потпишува законот, туку тој да стапи во сила без негово изјаснување, што е право на шефот на државата.
Законот е објавен во „Службен весник“, при што паѓа во очи што на него го нема потписот на Мета, пишува весникот „Илинден“, кој излегува во Тирана. Притоа се нагласува дека албанскиот парламент законот го усвои во средината на октомври со гласовите на владејачките социјалисти и опозициските демократи. „Против“ беа пратениците од Движењето за социјалистичка интеграција и пратеникот од партијата на Грците. Со усвоениот закон, за разлика од првичната верзија со која се признаваа осум национални малцинства – Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми, под притисок на Бугарја е признаено и непостојното бугарско малцинство, истакнува весникот „Илинден“ во својот коментар.
Албанските власти се свесни дека грешат, но потклекнаа пред заканите на Бугарија за ставање вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Во Албанија, според сите пописи на населението, немало бугарско малцинство. Ова е геноциц врз Македонците и деформација на историјата и на вистината пред очите на Европа, изјави тогаш Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
И друштвото и единствената македонска партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) остро реагираа и бараа да не се создава вештачки бугарско малцинство зашто во Албанија единствено живеат Македонци, а не Бугари. Тие исто така наведуваат дека со законот останува старата практика, права на Македоците како малцинство да им се признаваат само во подрачјето на Мала Преспа, а не и во областите Гора и Голо Брдо и другите делови на Албанија. К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.