Контакт

Daily news

Милошоски: институциите да не приведуваат недолжни луѓе, Џафери продолжува со провокации

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ апелира до институциите кои што се грижат за владеење на правото да не приведуваат недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат  за немилите настани кои што се случија во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот од редовите на оваа партија Антонио Милошоски на пресконференција истакна дека во текот на вчерашниот ден до партијата пристигнале информации дека се приведени повеќе луѓе кои што не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги држела со часови во полициска станица.

– Апелираме до министерот за внатрешни работи да не ги пречекорува тие надлежности бидејќи дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле било какво кривично дело или насилство.

Треба да се разграничи многу прецизно неколкучасовното влегување на одредени граѓани во Собранието, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев, од антидржавните политики на Социјалдемократскиот сојуз од оние неделовнички и други постапки кои што биле спротивни на демократските процедури и да се разграничи од оние поединци кои што без оправдување и без никакво прифаќање нанесле тешки телесни повреди на присутни пратеници или други личности во Собранието.

МВР и Обвинителството треба да се свесни дека за некого да приведат и изнесат пред суд треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело.

Исто така ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за ваквите настани, од настаните при насилствата врз полицијата направени од шарените протестанти изминатата година, кои што протестираат беа потплатени за тоа и вршеа насилство врз македонските полицајци, демолираа одредени институции или истите ги оштетија – рече Милошоски.

Тој вели дека има информации дека некои лица добиле и притвор заради вербални деликти, а без извршено физичко насилство.

– Од тука апелираме до судот да внимава при носење на одлуките и да се држи исклучиво до фактите, доказите, до остановената пракса, а не да понесува некаква партиска наклонетост зависно од тоа кој на која политичка институција или државна институција припаѓа. Потсетуваме дека предизвикувач на овој народен бунт е токму СДС која што 60 дена ги игнорираше граѓаните нивното мислење, нивните протести кои што мирно и демократски протестираа, ги провоцираше со навреди, со погрдни зборови, со омаловажувања и конечно на денот на против деловничките и незаконските обиди за избор на Претседател на Собранието го направи тоа токму во часовите кога знаеја дека најголем можен начин можат да го предизвикаат тој револт.

ВМРО-ДПМНЕ континуирано и јавно предупредуваше на сите ризици од ваквиот однос на СДС и од можна ескалација и го замолувавме и претседателот на СДС да не прави и да не презема никакви чекори кои што можат да ја подгреат таа сензитивна атмосфера но очигледно дека уцената кон него за спроведување и прифаќање на  пост изборната платформа од Тирана беше поважна и поголема обврска отколку зачувувањето на разумот, рационалноста и соодветното однесување како одговорен политичар.

Го предупредуваме и министерот за МВР, господинот Нухиу да не врши притисок на вработените во министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основ со цел тој да добие политички поени или да се покаже како многу способен. Само еден невин уапсен човек е поголем преседан за кој ќе се бара одговорност, доколку се докаже дека бил приведен без основ и без докази.

А најголемиот преседан сепак се случи со кршењето на Деловникот и со незаконскиот избор на господинот Џафери за Претседател на Собранието.

Другата работа што исто така сакам да ја истакнам во име на ВМРО-ДПМНЕ, се и понатамошните провокации кои што не носат добро ниту за граѓаните, ниту за довербата во општеството кои ги врши господинот Талат Џафери. Со истакнувањето на знаме на друга соседна држава на Република Албанија во институцијата Собрание на Република Македонија и кабинет на претседателот на Собранието. Сметаме дека ова не само што е незаконски потег туку е потег кој што може да ја комплицира и така чувствителната ситуација. Ваквиот потег само покажува дека СДС веќе прифатила и веќе започнала реализирањето на платформата од Тирана, која што е уцена за поразениот на изборите СДС и Заев да можат да бидат мнозинство во Собранието.

Само ќе кажеме неколку примери, зошто ова не е ниту добар политички потег ниту потег кој што ќе ја зголеми меѓуетничката доверба и соживот. Ниту е пак потег кој што е европска пракса. Замислете во Република Полска, Претседателот на полскиот парламент да го истакне таму знамето на Германија. Замислете во Бугарија, во бугарското Собрание, претседателот на парламентот да го истакне знамето на Република Турција. Или замислете во Република Латвија или друга балтичка држава, претседателот на парламентот да го истакне знамето на Руската Федерација. Тоа ќе биде не само незаконски, туку и ќе биде политички неодговорен чекор, и провокација која што понатаму ќе ги усложни состојбите во и онака чувствителната ситуација во Република Македонија – рече Милошоски.

 

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија3 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа4 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ4 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија7 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет8 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет10 часа

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија10 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија1 ден

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија1 ден

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија1 ден

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ1 ден

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија1 ден

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ1 ден

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет1 ден

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет1 ден

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа1 ден

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...