Контакт

Daily news

Моден викенд на 22 октомври во Скопје

Објавено пред

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд Скопје на кој до 25 октомври публиката ќе може да види четиринаесет ревии и презентации, под мотото на сезоната #Stopthetraffik.

dobivaj vesti na viber

Сезоната есен-зима 2017/2018 ќе ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на „Sigma Jewelry“, колекцијата „Маршот на боговите“ на Викторија Арсовска и за крај „Art deco“ на „Ателје Коцарева“. Веднаш по ревиите следува забава во „Дистрикт бар&ресторан“.

Вториот ден ќе започне со студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема Метаморфоза. Со ревијата ќе биде заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ три фази.

Следуваат ревиите на Сара Реџиќ и колекцијата „Bohemian rhapsody“, најновата колекција на „Marsin“ наречена „Inside out“ која ја потпишува Марија Трајанова, за прв пат „Minna Fashion“ и колекцијата „Love the spark“, и за крај на вечерта „Drama Studio“ со колекцијата „Concept 2020“.

Претпоследниот ден на есенскиот моден викенд ќе го отвори ревијата на ателјето „Алшар“ и колекцијата „Калеш Анѓа“. Следуваат ревиите на „Walone fashion group“ и за прв пат српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата наречена „42“. Вечерта ќе ја заокружи ревијата на „Shaleva Couture“ со колекцијата „French elegance“.

Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде затворен на 25 октомври во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.

За време на Моден викенд Скопје во изложбениот простор ќе може да се види и колекцијата на „DIAS shoes and bags“, бренд кој се занимава со производство на ексклузивни кожни чевли и чанти и други аксесоари од кожа. „Ottimo handmade“ и оваа сезона ќе ги изложат уникатните пеперутка вратоврски.

Моден Викенд Скопје оваа сезона ја поддржува глобалната кампања #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“, придружувана од Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Желбата да се сменат нештата во текстилната индустрија и неверојатната иницијатива да се соберат милион квадрати од рециклирани парчиња текстил со кои ќе биде сошиена „глобална прекривка“ на свеста за нас беше предизвик на кој со задоволство одлучивме да му се приклучиме. На #GlobalBlanket иницијативата се придружија и дизајнерите учесници со уникатен дизајн кој го испечативме и на маици за поголема видливост на поддршката која ја даваме“, вели тимот на Моден викенд Скопје.

Магдалена Несторовска, Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција посочи дека „оваа кампања е наменета како на работниците така и на работодавачите во текстилната и модната индустрија, со цел да ја препознаат трговијата со луѓе како форма на организиран криминал, која воедно претставува грубо кршење на човековите права, и правата на работникот, искористувајќи ги лицата како работна сила со употреба на несоодветни средства и методи како што е присила, измама или злоупотреба на нивната ранлива пололба и тешка економска ситуација, а со цел нивно експлоатирање во насока на остварување огромен профит. “

„Во Мериот Интернационал ја поддржуваме и ја почитуваме борбата за заштита на човековите права. Затоа Мериот работи на градење и подигнување  на свеста за теми поврзани со човековите права вклучувајќи ја и борбата против трговијата со луѓе.“, вели Хрипсиме Кузевска-маркетинг менаџер во Скопје Мериот хотел.

Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „LAKME“ во соработка со „Студио Лили“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“.

Моделите оваа сезона ќе ги носат чевлите од „Paolo Bocelli“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија4 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет6 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет7 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет12 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет15 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет16 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет16 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет17 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет17 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет17 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија18 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет18 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет18 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет21 час

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија22 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет23 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...