Контакт

Daily news

Народната банка за макроекономските проекции до крајот на 2019 година

Објавено пред

Советот на Народната банка денеска ја одржа својата единаесетта седница, на која беа усвоени кварталниот извештај и макроекономските проекции до крајот на 2019 година, при што беше констатирано дека во текот на третиот квартал основната каматна стапка се задржа на 3,25 отсто во услови на непроменети оцени за стабилноста на економските основи, отсуство на нерамнотежи во економијата и постепено стабилизирање на очекувањата. На девизниот пазар немаше притисоци, а интервенциите на НБРМ во третото тримесечје беа во насока на откуп на девизи. Штедењето на домаќинствата во банкарскиот систем продолжи да расте и во третиот квартал. Сепак, и натаму остана недовербата на економските субјекти поради домашните политички случувања, иако помалку изразена, при што се задржаа видувањата за поголема внимателност во одредени пунктови. Ова особено се однесува на депозитниот потенцијал чиј раст беше поумерен во однос на очекуваниот, како и на бавното зголемување на склоноста на населението за штедење во домашна валута, што покажува дека е потребно време за одржливо подобрување на валутните преференции. Во однос на оцените на ризиците, во текот на кварталот беше оценето дека неизвесноста од домашното окружување е помала, но и понатаму присутна, а ризиците од надворешното окружување останаа актуелни и главно се однесуваа на ризици на среден рок, главно поврзани со кревкото глобално закрепнување, глобалните протекционистички тенденции, ефектите од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија и геополитичките тензии.

dobivaj vesti na viber

Најновиот октомвриски циклус макроекономски проекции за тековната и за следните две години упатува на одредени промени во однос на априлската проекција. Тие главно произлегуваат од остварувањата во првата половина од 2017 година кога економијата забележа пад, што веројатно во еден дел ја одразува воздржаноста на инвеститорите во услови на изразена политичка нестабилност на почетокот од годината. Воедно, во овој период беа присутни и поизразени увозни притисоци. Овие поместувања, оценети како привремени, условија надолна ревизија на очекуваниот економски раст за 2017 година. Од друга страна, оцените за стабилноста на домашните фундаменти и за карактеристиките на надворешното окружување остануваат поволни. Оттука, во рамките на октомвриското макроекономско сценарио за 2018 година и 2019 година се задржуваат прогнозите за релативно солиден економски и кредитен раст, отсуство на позначителни ценовни притисоци и платно-билансна позиција, која обезбедува соодветно ниво на девизните резерви. Овие проекции претпоставуваат стабилизиран амбиент и целосно исцрпени ефекти од претходните неповолни политички случувања.

Во периодот помеѓу двете проекции дојде до одредени промени и кај очекуваните движења на главните показатели на надворешното окружување. Странската ефективна побарувачка е ревидирана во нагорна насока за 2017 и 2018 година во согласност со процените за засилување на економската активност кај најзначајните трговски партнери. Во 2018 и 2019 година се очекува умерено забавување на странската побарувачка, при што нејзиниот раст и понатаму ќе се движи околу 2 отсто. Наспроти ова, кај странската ефективна инфлација се извршени надолни корекции во 2017 година и 2018 година. Притоа, за 2019 година се очекува таа умерено да забрза, но, сепак, ќе остане ниска. Во поглед на движењето на цените на примарните производи, во 2017 година цените на нафтата, прехранбените производи и цените на металите се ревидирани во надолна насока, што упатува на помал раст во споредба со априлските очекувања. Цените на прехранбените производи се ревидирани во надолна насока и во 2018 година поради што се очекува помали увозни притисоци врз домашната инфлација, а другите цени на примарните производи бележат мала нагорна корекција во споредба со претходните очекувања. Гледано според динамиката, наспроти генералниот раст на цените во 2017 година, за 2018 и 2019 година се очекува претежно забавување на растот на цените кај поголемиот дел на овие производи. Оттука, во наредните две години се очекува да преовладува амбиент на претежно ниски цени на светските пазари.

Најновите проекции, исто како и во априлскиот циклус проекции, покажуваат задржување на трендот на раст на домашната економија. Сепак, за 2017 година е направена значајна надолна ревизија на очекуваната стапка на раст од 2,5 на 0,5 пет отсто, а стапката за 2018 година е задржана непроменета (3,2 отсто). Натамошно умерено забрзување на растот се очекува во 2019 година. Надолната корекција на очекуваниот економски раст за 2017 година е одраз на остварувањата во првата половина од годината кога економската активност забележа пад наспроти очекуваниот раст во априлската проекција. Ова отстапување во најголем дел е последица на помалата инвестициска побарувачка, но и на поизразените увозни притисоци. Сепак, се смета дека ваквото поместување е привремено, при што веќе во втората половина од годината, во согласност со постепеното исцрпување на неизвесноста од домашните политички случувања, враќањето на довербата на инвеститорите и подобрените очекувања на економските субјекти, се очекува раст на БДП. Под претпоставка за целосно стабилизиран домашен амбиент и поповолна патека на надворешните фактори, во наредните две години се очекува забрзување на растот, при што и понатаму се очекува домашната економија да расте побрзо од економијата на трговските партнери. Главни фактори за растот, како и во претходниот циклус проекции, остануваат активноста на новите странски капацитети ориентирани кон извозот, јавните инвестиции во патната инфраструктура, чија динамика би требало да забрза по забавувањето во 2017 година, како и стабилните очекувања на домаќинствата. Имајќи го предвид ова, и структурата на растот останува слична на очекуваната во априлскиот циклус проекции. Од индивидуалните расходни компоненти на БДП се очекува извозот на стоки и услуги да има највисок позитивен придонес кон растот во 2018 и 2019 година, а ваквите оцени се засновани врз очекувањата за растечка активност на новите странски капацитети, понатамошно подобрување на глобалниот амбиент и закрепнување на дел од традиционалните извозни сектори. Покрај извозот, растот во следните две години ќе биде поддржан и преку инвестициската активност во услови на стабилен амбиент и продолжено позитивно дејствување на основните фактори на инвестициската активност, односно раст на странските инвестиции и продолжување на циклусот на јавните капитални инвестиции. Се очекува поволниот економски амбиент да поттикне натамошен раст на личната потрошувачка преку зголемување на платите и вработеноста во приватниот сектор, а дополнително влијание се очекува и од кредитната поддршка од банките. Се очекува растот на компонентите на домашната побарувачка и извозот да доведат и до повисок увоз, но се оценува дека зголемувањето на увозот ќе биде во склад со фундаментите и нема да доведе до нарушување на надворешната рамнотежа.

Се очекува кредитната активност на банкарскиот сектор во периодот на проекции да биде важен фактор на поддршка на растот на приватната потрошувачка и на инвестициите. Во 2017 година, во услови на забавување на темпото на раст на депозитите, кои се основен извор на финансирање на кредитната активност и пролонгирана неизвесност, беше забележано умерено забавување на растот на кредитите, чие темпо е нешто послабо од очекуваното. Така, за 2017 година, во согласност со остварувањата од почетокот на годината, направена е мала надолна корекција кај кредитите на приватниот сектор, при што кредитниот раст е проектиран на 4,6 отсто наспроти 5,2 отсто со априлските проекции. Кредитниот раст во 2018 година не претпре поголема промена, при што се оценува дека ќе изнесува 7,2 отсто наспроти 7,1 отсто, во април. Во 2019 година се очекува забрзување на растот на кредитната активност на 7,6 отсто. Оваа проекција е заснована врз оцените за здрава, солвентна и ликвидносна позиција на банките, исцрпување на неизвесноста од домашното окружување, како и на очекувањата за подинамичен раст на депозитната база. На страната на депозитите, во 2017 година при послаби остварувања, депозитниот раст е проектиран на ниво од 3,6 отсто наспроти 4,2 отсто во априлската проекција. Сепак, со натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и пораст на економската активност во текот на наредните две години се претпоставува зголемување на потенцијалот и склоноста за штедење во банките, а оттука и забрзување на растот на депозитната база од речиси 6 отсто како во 2018 така и во 2019 година.

Во поглед на идната патека на движење на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на задржување на амбиентот на стабилни цени и отсуство на позначителни инфлациски притисоци. Се очекува стапката на инфлација во 2017 и 2018 година да изнесува 1,3 и 2 отсто соодветно, исто како во претходниот циклус проекции, а динамиката на раст на домашните цени од речиси 2 отсто се очекува да продолжи и во 2019 година. Овие оцени ги одразуваат ценовните движења во претходниот период, како и очекуваното движење на увозните цени на храната, енергијата и на странската ефективна инфлација. Умерени притисоци врз инфлацијата се очекуваат и од домашната побарувачка во услови кога производниот јаз е оценет како благо позитивен во текот на целиот период на проекции.

Најновите октомвриски проекции за надворешниот сектор покажуваат задржување на оцените за умерен дефицит во тековната сметка од приближно 2 отсто од БДП, со доволно финансиски текови за негово финансирање и дополнително зголемување на девизните резерви во периодот 2017 – 2019 година. Притоа, во рамките на најновите оцени за билансот на плаќања се направени умерени надолни корекции кај дефицитот во тековната сметка, главно поврзани со очекувањата за помал дефицит кај примарниот доход. Во 2017 година се очекува дефицит во тековната сметка од 2,0 отсто, а за 2018 и 2019 година оценетиот дефицит во тековните трансакции изнесува 1,8 отсто од БДП соодветно. Во периодот на проекции се очекува натамошно умерено подобрување на салдото на стоки и услуги, пред сè, како одраз на зголеменото искористување на потенцијалот на новите производствени капацитети во странска сопственост. Ризиците во овој поглед се оценуваат како нагорни имајќи предвид дека претпоставките во рамките на проекциите се релативно умерени. Позитивни поместувања се очекуваат и кај дел од традиционалните сектори. Кај суфицитот на секундарниот доход, по растот во 2017 година, во следните две години се очекува одредено умерено намалување при отсуство на шокови кои би влијаеле врз динамиката на оваа компонента. Сегашната патека и висината на дефицитот во тековната сметка и неговата структура не укажуваат на нерамнотежи во економијата во наредниот тригодишен период. Од аспект на финансиската сметка се очекува дека финансирањето на тековната сметка во овој тригодишен период ќе се обезбеди преку недолжнички и должнички финансиски текови на долг рок, односно главно преку странски директни инвестиции и задолжување на јавниот и на приватниот сектор во странство. Во периодот 2017 до 2019 година се очекува дека дефицитот на тековната сметка во целост ќе биде покриен од финансиски текови, кои ќе овозможат и дополнителен раст на девизните резерви. Во текот на целиот период на проекции показателите за адекватноста на девизните резерви се во сигурната зона.

Општо земено, последните остварувања укажуваат на задржување слична макроекономска слика како и во априлските проекции, со оцени за послаб економски раст оваа година, послаби монетарни и кредитни движења, отсуство на ценовни притисоци и платно-билансна позиција која обезбедува натамошно одржување на девизните резерви на соодветното ниво. Ризиците за остварувањето на ваквото макроекономско сценарио главно се поврзани со надворешното окружување при постепено намалување на ризиците од домашното окружување како резултат на стабилизирањето на политичкиот амбиент во земјата. Оттука, Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на целите на монетарната политика.

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија20 минути

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од Голем број граѓани и компании останаа без своите заштеди и деловни средства, додека постапката што ја водат...

Свет46 минути

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет48 минути

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа2 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа2 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа2 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија12 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија21 час

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија21 час

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија22 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион23 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет24 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија1 ден

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа1 ден

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет1 ден

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет1 ден

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...