Контакт

Daily news

На избирачкиот список сè уште има фантомски гласачи, укажува Хелсиншки комитет

Објавено пред

За време на изборниот процес забележани се нерегуларности при гласањето на слепите лица и лицата со оштетен вид. До Хелсиншкиот комитет пристигнале две пријави од лица од оваа категорија кои навеле дека имале неуспешен обид да го остварат своето избирачко право согласно со новиот начин на гласање за слепите лица и лицата со оштетен вид.

dobivaj vesti na viber

Согласно со новото упатство за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид донесено на 28 септември 2017 година, на слепите лица и лицата со оштетен вид им се дава можност да гласаат користејќи шаблон на Браева азбука, на кој се отпечатени податоците од избирачкото ливче. Шаблонот е изработен со цел секое слепо лице, односно лице со оштетен вид да може да гласа самостојно и тајно. На лицата кои ги пријавија неправилностите не им било овозможено да го остварат своето избирачко право согласно со новиот начин на гласање бидејќи, како што навеле, посебните шаблони на Браева азбука сè уште не биле пристигнати на две одделни избирачки места. Пријавите беа примени околу 8 часот утрината.

Согласно со член 91 од Изборниот законик, ,,Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 72 пред денот определен за одржување на изборите”, додека согласно со член 92 ,,Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори на територијата на Република Македонија”. „Во конкретните случаи избирачите не биле во можност да го остварат своето избирачко право на денот на изборите, што е повреда на цитираните законски одредби. Подоцна бевме информирани дека шаблонот бил доставен до избирачките места околу 8.30 часот, односно час и пол по отворањето на избирачките места за гласање“, информираат од Хелсиншкиот комитет.

Меѓу другите пријави, добиле поплака од лице вработено во Јавно претпријатие кое навело дека не може да го оствари своето избирачко право бидејќи било на работа во текот на целиот изборен ден, без можност за замена. „Хелсиншкиот комитет ваквиот случај го пријави во Министерството за труд и социјална политика со цел да се изврши надзор за фактичката состојба во конкретниот случај од страна на инспектор за труд. Хелсиншкиот комитет беше известен дека Министерството и инспекторот за труд соодветно постапило и на лицето му било овозможено да го оствари своето избирачко право“, се додава во соопштението.

До Хелсиншкиот комитет се обратиле повеќе граѓани кои пријавиле нерегуларности поврзани со избирачкиот список, во смисла на тоа дека сè уште постојат непостоечки гласачи на нивните адреси, како и случаи за бришење од евиденцијата на гласачи во избирачкиот список на граѓани на кои не им била позната основата на нивното бришење од списокот. Со ваквите пријави се добива впечаток дека повторно и овие избори се одржаа во услови на непрочистен избирачки список. Хелсиншкиот комитет упатува препорака за поголема соработка и координација помеѓу МВР и ДИК во насока на изнаоѓање ефективен механизам за прочистување на списокот и подготвување упатство за постапката за бришење на непостоечките гласачи од избирачкиот список кој ќе биде достапен за сите граѓани.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија2 часа

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија3 часа

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија4 часа

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија5 часа

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија5 часа

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија6 часа

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија7 часа

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија7 часа

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија8 часа

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет11 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет11 часа

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија12 часа

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет13 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет13 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет13 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....

Култура23 часа

Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска  незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот...

Македонија23 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Економија24 часа

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки...

Македонија1 ден

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби...