Контакт

Daily news

На што треба да внимавате кога купувате ПВЦ прозори!

Објавено пред

Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Замената на прозорците отвора и други трошоци како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна.

dobivaj vesti na viber

Главната улога на ПВЦ прозорот е да штеди енергија за затоплување и ладење. Uw= 1.0 W/m2K е бројка која означува коефициент на спроводливост на топлина и истата е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори. Профилот може да биде рамен, заоблен или полу заоблен, не е важно од кој германски производител е, туку изведувачот на работата да биде од сериозна фирма со искуство во ПВЦ. Изведувачот е должен да обезбеди многугодишна функционалност и писмена гаранција за прозорецот, а пресудно за негов избор треба да биде понудата со подобар однос изолација во однос на цена.

Добар избор на прозорци може да најдете во компанијата Проспера. Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и добар избор на ПВЦ прозори со имитација на дрво или прозорци од масивно дрво кои ќе му дадат топлина на просторот.

Недоволно информираните се со мислење дека доколку се купи прозорец составен со познат Германски профил дека се загарантирани потребните својства: изолација, функционалност и гаранција. Често прозорот се именува по бренд на профилот кој е само еден од составните елементи на прозорот, на пример: Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века и слично. Профилот не е единствениот составен елемент што го дефинира прозорот, од голема важност се сите останати елементи:

– Термопанот завзема поголема површина од профилот (околу 80% од прозорот отпаѓа на стаклото) и има најголем удел во изолацијата на целиот прозор. Стаклото задолжително треба да биде нискоемисионо или 4 сезони, пожелно е полнењето помеѓу стаклата да биде со аргон. Трослоен термопан има поголеми изолациски својства од двослоен термопан. Исто така поголем простор помеѓу стаклата има удел во изолациските својства на термопанот, трослоен термопан од 36 мм и трослоен термопан од 50мм немаат исти изолациски својства.

Во Проспера може да се најдат трослојни термопани со ширина 50мм, нискоемисиони и 4 сезони стакла, со исполна помеѓу стакла аргон, и топли дистанционери наместо ладни алуминиумски дистанционери. Ваков термопан има коефициент на спроводливост на топлина Ug=0.5 W/m2K (за споредба стандарден термопан 24мм со 2 флот стакла има коефициент на спроводливост на топлина Ug=2.7 W/m2K или 5 пати послаба изолација). Во Проспера сите нискоемисиони и 4 Сезони стакла се со меко покритие (нова генерација на нискоемисиони стакла кои имаат подобри изолациски својства за разлика од старите типови на нискоемисиони стакла со тврдо покритие). Стаклата се произведени од Guardian, Американска компанија која е светски лидер во производство на специјални стакла, со свои фабрики во 25 држави на 5 континенти.

– Железо во ПВЦ профил се става за да ја зголеми цврстината и стабилноста на ПВЦ профилот. Без железо внатре прозорот би се кривел и не би функционирал исправно. Во Проспера во секој прозор поголем од 50цм ставаме железо со дебелина од 1,2 до 2мм зависно од димензијата на прозорот.

– Оковот има најголемо влијание во функционалноста и безедноста на прозорот. Во Проспера сите прозори се со оковот winkhaus acivepilot, последна класа на оков од брендот winkhaus, произведен во Германија, кој овозможува висока класа на сигурност против провали RC2/WK2.

За да прозорот функционира беспрекорно сите елементите треба да се изберени правилно и прецизно склопени, поставениот оков да ја има потребната носивост, во профилот да се постави железо со дебелина според димензија на прозор. Прозорите од понудата на Проспера се склопени со докажани профили, окови и термопани. Склопени се на најсовремени CNC машини со минимално учество на човечки фактор со што грешките се минимизирани.

Монтажата мора да биде изведена стручно. Прозорите треба да се постават и нивелираат правилно, да се анкерисуваат по пропишани стандарди за да ја добиеме очекуваната функционалност, правилно и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена е важно за изолацијата, правилната опшивка околу прозорците има влијание во изолацијата и спречување на влага. Затоа е важно монтажата да ја прават лица со големо искуство во монтажа на ПВЦ столарија. Проспера има сопствени монтажери кои само во текот на 2016 година имаат монтирано над 10.000 м2 прозорци.

Во турбулентно време како во моментот, кога секојдневно се отвораат и затвораат фирми, а функционираат преку 500 фирми кои се бават со продажба и монтажа на ПВЦ прозори, од особена важност е на кого ќе ја дадеме довербата, и ќе бидеме сигурни дека и после многу години изведувачот ќе биде уште присутен на пазарот за да може да ни ја обезбеди гарацијата и да ни ги сервисира прозорите доколку има потреба. http://prospera.com.mk/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет2 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет5 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет5 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија8 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија11 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет12 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет14 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа14 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија15 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет15 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет15 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет16 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ2 дена

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија2 дена

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...