Daily news
Никола Поповски до Заев: Нема да блокираме како вас!
Шефот на дипломатијата пред заминување, Никола Попоски, му порача на мандатарот Зоран Заев дека од утре да биде подготвен на критика и дека нема да му помине ако тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за еден или друг неуспех.
„ Од утре ќе почне нов период, кога ќе ве критикуваме. Оправдано или не, вие добро критикувавте. Господине Заев, сакам да ве потсетам дека доверба се гради чекор по чекор. Вие од почетокот покажавте дека сакате да избришете патос со демократијата, преку Собранието. Ве уверувам дека секоја ваша погрешна постапка ќе ве оддалечува од Македонија. Македонија не почнала со нас, нема да заврши со вас. Потребни ни се реформи во секој домен. Но, вие треба да покажете дека ќе прифатите критика. Нема да ви помине тоа дека ВМРО е криво за едно или друго. Ние од утре сме опозиција. Треба да ве поддржуваме во работите, а од вас ќе се очекува развој и човечна влада„, рече Попоски во Собранието. Потсетувајќи го Заев дека со години го блокираше Собранието, тој навести дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ќе биде различна, бидејќи има одговорност пред граѓаните. Тој го обвини Заев исто така дека програмата му е резултат на препишувања.
„Вие повикувате ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивно и јас се согласувам. Ние треба да бидеме опозиција различна од вас, бидејќи имаме должност кон сите граѓани. Ќе ви треба многу повеќе од неколку слатки зборови, за да ги убедите другите дека можете да владеење нормално. Барањето кое го упативте за поддршка на програмата е беспредметно, бидејќи овде се ангажирани цели школи за препишување. Ако не можете да смислите добри мерки за одење напред, треба да прифатите туѓи.
Очекуваме резултати какви што ветивте. Сакам да ви порачам дека ќе бидеме тука за предлози и сугестии за подобро општество. Но, нема да бидеме тука за темните страни. Сега покажавте дека сте склон кон закани, за секој кој не мисли како вас. Јас сметам дека ова е момент на тест и за тоа како ќе се однесувате во иднина, а јас сакам да се однесувате поинаку“, му порача Попоски на Заев..Крај/К.Л.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.