Контакт

Daily news

Новиот „ауди A7 спортбек“ – динамика во најубава форма

Објавено пред

Новиот „ауди A7 спортбек“ претставува нов стил на „гран турер“ кој нуди систематска дигитализација, динамично возење и просторен концепт. Големото купе со четири врати е суштината на новиот дизајнерски јазик на „Ауди“.

dobivaj vesti na viber

Прогресивни спортски карактеристики

Надворешниот дизајн на новиот „A7 спортбек“ го отелотворува новиот, прогресивен дизајн на „Ауди“, фокусиран на големи површини и остри рабови. Широката ниска синглфрејм решетка и истакнатите отвори за воздух уште на прв поглед го изразуваат динамичниот карактер на „гран турер“. Задниот дел е заострен како јахта. Спојлерот интегриран на крајот од багажниот простор електрично се активира при брзина од 120 км/ч. Светлосна лента ги поврзува задните светла, составена од 13 индивидуални сегменти. Кога вратите се отклучени или затворени, динамичните анимации за осветлување на задните светла и фаровите го истакнуваат „ауди A7“.

Внатрешен дизајн

Дизајнерскиот јазик во внатрешноста на новиот „ауди A7 спортбек“ е симплифициран и чист. Хоризонталните линии и елеганцијата на инструмент-таблата пренесуваат чувство на пространост. Централната конзола е наклонета кон возачот и го нагласува спортскиот карактер на „гран турер“. Во внатрешноста, архитектурата на кокпитот и мониторот MMI се спојуваат за да формираат хомогена површина. Повеќето функции на возилото може да се контролираат преку двата екрани. Горниот дисплеј е речиси невидливо интегриран во контролната табла. Изборот на бои, материјали за навлаки и внатрешното осветлување совршено се вклопуваат во футуристичката атмосфера на A7.

Новиот „ауди A7 спортбек“ ја продолжува стратегијата за дигитализација, која почна со новиот A8 и го усвојува концептот MMI за инфо-забавниот систем со екран на допир со акустично-хаптички повратни информации: Малиот и звучен клик го потврдува активирањето на функцијата преку прстот на екранот. Горниот дисплеј се користи за контрола на инфо-забавниот систем, додека долниот екран обезбедува пристап до функциите за контрола на климата, комфорот, погодностите и внесување на текст. Благодарение на логичката структура на рамно мени, работењето со инфо-забавниот систем е интуитивна како на паметен телефон.

Dynamic photo,
Colour: Ara blue

Подинамично возење и поголема удобност на долгите дестинации

Новиот „ауди A7 спортбек“ дополнително ја оптимизира синтезата на динамиката и удобноста. Тој е динамично агилен на свиоците по патиштата надвор од градот и удобен на автопатот. Опционално динамичко управување со сите тркала го комбинира директното управување со супериорната стабилност во правецот на движење. На предната оска, се променува соодносот на управување во зависност од ситуацијата на возење. На задната оска се вртат тркалата или во иста или спротивна насока на предните тркала во зависност од брзината. Дури и со основното управување, новиот концепт на управување му дава на возачот интензивни повратни информации од патот.

Опционалниот спортски диференцијал активно го дистрибуира вртежниот момент помеѓу задните тркала, дополнувајќи го стандардниот кватро погон на сите тркала. Тоа, како и динамичкото управување со сите тркала, системот за контрола на амортизацијата, опционалната спортска суспензија и адаптивната воздушна суспензија со контролирано амортизирање се контролирани од платформата за електронска шасија (ECP). Благодарение на ова блиско вмрежување, сите системи работат заедно за зголемена удобност, динамичност и максимална прецизност.
Возачот може да избере од неколкуте возачки профили во системот на „Ауди“, кои нудат поширок распон помеѓу удобноста и динамиката во споредба со претходникот.

Благ хибриден систем за сите мотори

Новиот погонски систем на „ауди A7 спортбек“ сега е уште поефикасен благодарение на новиот благ хибриден систем (MHEV). При воведувањето на пазарот купето ќе биде достапно со 3.0 TFSI или 3.0 TDI мотор. MHEV системот е базиран на основен електричен систем од 48 волти и стартер на појас (BAS) кој генерира до 12 киловати моќност на регенерација. „A7 спортбек“ може да се придвижи со исклучен мотор и потоа да се рестартира непречено преку БАС. Функцијата старт-стоп сега се активира на 22 км/ч. 3.0 TFSI е поврзан со седумстепен S tronic; 3.0 TDI со типтроник со осум брзини. Во комбинација со S tronic, кватро трансмисијата користи ефикасна технологија која го активира погонот на сите тркала по потреба.

3.0 TFSI, турбо V6, располага со моќност од 250 kW (340 КС) и 500 Nm вртежен момент. Го забрзува купето со четири врати од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди и достигнува максимална брзина од 250 км/ч. Основната верзија на Audi A7 Sportback 55 TFSI троши 6,8 литри гориво на 100 километри. 3.0 TDI произведува 210 (286 КС) и 620 Nm вртежен момент. Забрзува од 0 до 100 км за 5,7 секунди. Во основната верзија троши само 5,5 литри гориво на 100 километри. Дополнителни четири и шест цилиндрични мотори ќе следат по воведувањето на пазарот на почетокот на март 2018 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија3 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија6 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија6 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија7 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија7 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија7 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија9 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија9 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет10 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет11 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет12 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 ден

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија1 ден

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...