Daily news
„Одбери крај, не прикривај“: Одбележување 16 меѓународни дена активизам против насилството врз жените
На прагот на 10-годишнината од усвојувањето на првата Национална стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011, сакаме да ги алармираме општата и стручната јавност дека во изминатиот период државата не покажа ниту доволно волја ниту алоцира финансиски средства за справување со овој сериозен општествен проблем, велат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на – ЕСЕ.
„Како резултат на ваквиот однос од страна на државата постои тренд на постојана висока застапеност на семејното насилство во изминатите 10 години. Истражувањата укажуваат дека најзастапено е психичкото насилство, по кое следуваат физичкото и сексуалното. Во континуитет жените што претрпеле семејно насилство се соочуваат со повеќе проблеми кои го оневозможуваат нивниот пристап до правдата. Мерките за заштита од семејно насилство не се достапни на целата територија на државата, а онаму каде што се достапни, не се обезбедуваат на еднаков начин“, велат од ЕСЕ.
Од таму велат дека сè уште не е воведена системска едукација на стручните лица во институциите за работа со жени што претрпеле семејно насилство, а нивото на координираност помеѓу надлежните институции е на многу ниско ниво.
„Отсуствува и ефективна судска заштита за жените што претрпеле семејно насилство. Недоволно се афирмирани привремените мерки за заштита како една од законските можности за заштита на жените. Од друга страна, сè уште е висок бројот на жени што по пријавувањето на насилството, се повлекуваат од понатамошно водење кривична постапка. Сè уште се применува поблага казнена политика кон сторителите на семејно насилство. За илустрација, иако за кривичното дело тешка телесна повреда сторено при вршење семејно насилство е предвидена затворска казна од една до пет години, според податоците од процесот на судско набљудување, од седум донесени пресуди, дури во пет предмети биле изречени условни осуди, во еден предмет е досудена ослободителна осуда, а само во еден предмет била изречена затворска казна“, велат од ЕСЕ.
Ваквите состојби, велат од таму, се директен резултат на отсуството на волја и недоволното алоцирање финансии од страна на државата за справување со семејното насилство.
„Во отсуство на соодветен институционален одговор оваа година здружението ЕСЕ ги одбележува 16-те меѓународни дена активизам против насилството врз жените, преку организирање јавна кампања за подигање на свеста во однос на семејното насилство во нашето општество. Кампањата ‘Одбери крај. Не прикривај!’ ја организираме со цел да ги охрабриме жените што претрпеле семејно насилство да го пријават насилството и да се обратат во надлежните институции и организации за помош и поддршка. Прикривањето на семејното насилство дава лажна надеж дека работите ќе станат подобри, е пораката што ја упатуваме преку годинашната кампања. Воедно, бараме од државата да покаже вистинска волја за справување со овој сериозен општествен проблем и да алоцира финансиски средства за ефективна заштита на жените што претрпеле семејно насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.