Контакт

Daily news

„О2“: Најнизок удел за заштита на животната средина во буџетот за 2018 година

Објавено пред

Само 0,4 проценти од буџетот за 2018 година се одвоени за заштита на животната средина, што е најниско ниво досега, оценуваат од Коалицијата „О2“ за чист воздух.

dobivaj vesti na viber

„Нели здравата животна средина, чистиот воздух, чистата вода ќе беа приоритет?! Или толку беше, кампањите завршија, па може да се продолжи по старо, со празни реторики, некои минискулни поместувања, а во реалноста само 0,4 проценти одвоени за заштита на животната средина.  За 2017 беа планирани 1,12 процент за гасификација, а 0,95 отсто се планирани за 2018. Кога се одвоиле повеќе од вкупниот буџет? Во 2017 или 2018? Е, сега, колку од тоа се реализирало или ќе се реализира е веќе сосема друга приказна. На крајот овие бројки може да се сосема поинакви. Најчесто пониски. Министерството за животна средина и просторно планирање е едно од тие со хронично ниска реализација од планираното. Да не кажеме фиксирана на 70 отсто. Зaштитата на животна средина котира малку подобро. На што се должи ваквата ниска реализација на и така малиот буџет нам не ни е познато, но очекуваме да ни разјаснат како од МЖСПП така и Министерството за финансии. Она што знаеме е дека оваа пракса мора да запре. Почнувајќи со 2018 година“, реагираат од Коалицијата за чист воздух.

Додаваат дека сегашната Влада двапати го намалила годишниот буџет на МЖСПП, министерството што е клучно за намалување на загадувањето.

„Летоска го скрати 23 отсто, а изминатава сабота Собранието си изгласа уште 8,8 отсто намалување. Образложението беше дека и онака тие пари нема да може да се искористат. Повторно доаѓаме до таа магична бројка од 70 отсто искористеност. Како да се планира од самиот почеток само толку да се потроши. МЖСПП за 2018 побарало 14,4 милиони евра, Министерството за финаснии му одобрило помалку од 10,7. Четвртина од побараното не одобриле, што е 3,7 милиони евра. Од Министерството за финансии неформално ни беше кажано дека барањата за поголем буџет за заштита на животната средина и намалување на загадувањето треба да ги упатиме до МЖСПП зашто преку нив се реализираат овој тип програми и за тоа секогаш има пари. Зошто тогаш не е одобрен побараниот буџет во целост?“, прашуваат од Коалицијата за чист воздух.

Оттаму споредуваат дека доколку ги видиме само собраните даноци поврзани со животна средина во 2015, тие се 16 пати поголеми од сумата доделена за Министерството за животна средина и просторно планирање за 2018. Тоа би значело дека МЖСПП можело основано да побара буџет од 3 отсто од вкупните расходи, а за заштита на животна средина требало да се одвојат 4,4 проценти.

„Во најголемиот буџет досега, каде што со значителна сума учествуваат даноците поврзани со животна средина и зголемената акциза на нафтата, ние имаме најнизок процент на доделени средства за заштита на животна средина. Кога ќе видите специфично колку се одвоени за намалување на загадувањето, нашиот најгорлив проблем, за 2018 одвоени се само 11 отсто од сумата наменета за заштита на животната средина, односно 1,7 милион евра, од кои, пак, да биде уште повесело, за намалување на аерозагадувањето, и тоа заедно со мониторинг, само 635 илјади евра“, велат од Коалицијата за чист воздух.

Додаваат дека за патни трошоци во Собранието се одвоени двапати повеќе средства од тие за мониторинг и заштита од аеорзагадување.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет56 минути

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа1 час

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет1 час

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија1 час

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија11 часа

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...

Македонија14 часа

Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците...

Македонија19 часа

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ19 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија20 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија20 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија21 час

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија21 час

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија23 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија23 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет24 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет24 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет1 ден

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет1 ден

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...