Daily news
Павлоски: СДС прави хаос во МВР, Спасовски ги деградира професионалците
Социјалдемократскиот сојуз прави хаос во МВР и го претвора министерството во огранок на партијата. Спасовски го партизира министерството и ги деградира професионалците, за сметка на партиски послушници, истакна Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
– Оливер Спасовски и СДС во само два месеци на власт во МВР извршија голем број на деградирање во кариерата за неколку места на врвни и докажани професионалци, за на нивно место да унапредуваат луѓе блиски до СДС. Според нашите информации Оливер Спасовски спротивно на систем на кариера и Законот за внатрешни работи поделил над 500 решенија, унапредувајќи партиски послушници и по 4-5 скалила, што е целосно против правно и недозволиво. Со ваквото однесување Оливер Спасовски и СДС директно го загрозуваат безбедносниот систем и го доведуваат во опасност и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа два ипол месеци МВР нема ниту една реализација на откриена недозволена трговија со наркотици. Затоа МВР не може да ги открие сторителите на вандалскиот чин со демолирањето на православните гробишта во Љуботен. Затоа МВР не може да открие, да ги спречи и санкционира оние кои неодговорно се однесуваат и предизвикуваат пожари поради кои Македонија е во пламен, рече Павлоски.
Системот, по кој што работи Оливер Спасовски е познат – неговите најблиски соработници ги повикуваат вработените и под закани и уцени ги принудуваат сами да поднесат барање за прераспоредување.
-Пораката што им ја упатуваат е една. Или сами ќе си поднесете барање или ќе видите што ќе ве снајде. Гревот на сите оние кои треба да бидат сменети е затоа што професионално си ја вршеле работата. Тоа што следи после е пополнување на испразнетите места со партиски послушници. Спасовски именува луѓе, без да се објави интерен конкурс и поставува кадри кои немаат соодветно образование и потенцијал, а нивна единствена заслуга е тоа што се блиски до СДС.
ВМРО-ДПМНЕ апелира да престане кршењето на законите и партизацијата во МВР.
-ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Република Македонија е правна држава и секој треба да работи согласно Уставот и закон, и никако поинаку. Секое работење надвор од она што законски е предвидено ќе биде санкционирано со враќањето на правната државата и владеењето на правото. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува и меѓународната заедница да го нотира и да реагира на ваквиот груб акт на партизација на МВР од страна на Оливер Спасовски и СДС. Партизацијата на МВР е недозволива и надвор од сите меѓународни норми во демократските држави. Социјалдемократскиот сојуз и сите прекршители на законите ќе сносат одговорност за своите постапки. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи и со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните, потенцира Павлоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.