Daily news
Параглајдеристите од регионот воодушевени од теренот во Пелагонија
Педесетина параглајдеристи од Македонија, Бугарија, Албанија и Косово денеска учествуваа на петтиот по ред меѓународен натпревар „Prilep Open 2017“ во дисциплината „прецизно слетување“. Учесниците полетуваа од полетиште кај манастирот „Трескавец“.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, заедно со членовите на клубот „Skyriders“ на најдобрите учесници им доделија медали.
„Сакам да му посакам успешна работа на клубот ‘Skyriders’ и во иднина. Ги доделивме наградите на најдобрите параглајдеристи, коишто овие 2 дена летаа над Прилеп. И во иднина ќе го поддржуваме развојот на овој и кој било друг спорт во нашиот град“, порача градоначалникот Јованоски.
Според учесниците на годинашниот настан, теренот во Пелагонија е еден од најдобрите во светот за развој на параглајдерството, па затоа не изненадува фактот што за две години токму тука ќе се одржи Светското првенство во параглајдерство.
„Условите за развој на параглајдерството во пелагонискиот регион се одлични, термички има доста денови во текот на годината, има услови за големи прелети. Затоа од година во година сè поголем е бројот на странски пилоти, што доаѓаат овде. Моментално нивниот број годишно се движи околу 2.000, но се надеваме наредната година бројката да се искачи на 3.000 пилоти“, вели параглајдеристот, Кире Гиноски.
И странските натпреварувачи се восхитени од организацијата на натпреварот и условите што ги нуди Трескавец за развој на параглајдингот.
„Параглајдерството го одбрав како спорт, затоа што тоа е екстремно, забавно. Чувството во воздухот понекогаш е спокојно, понекогаш има повеќе адреналин зависи од времето, но како и да е, многу е пријатно. Теренот кај ‘Трескавец’ е еден од најдобрите на коишто сум била досега“, истакна Лидија Ѓерманова, учесник од Бугарија.
Во машка конкуренција прво место беше Хиздри Губетини од Косово, второто место го освои Борјан Јованоски, а третата позиција му припадна на неговиот брат, Мартин Јованоски.
Во женска конкуренција, пак, првото место го освои Цвета Григорова од Бугарија, второ место беше Жу Севова исто од Бугарија, додека на третото место заврши Деспина Станкоска, од Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.