Контакт

Daily news

Повеќе од 200 учесници беа дел од настанот Endava Tech Flow во Скопје посветен на иновации

Објавено пред

Следејќи го успехот на првиот настан Endava Tech Flow, кој се одржа во мај годинава и на кој учествуваа повеќе од 170 ИТ-професионалци и ентузијасти, кои дискутираа на тема Agile Best Practices, компанијата „Ендава“ организира уште една конференција од серијата на Tech Flow настани, на која фокусот овој пат беа иновациите и трендовите во ИТ-секторот. На едно место се споија повеќе од 200 експерти и иноватори од ИТ-индустријата, кои се вклучија во разговорот за врвни технологии, методологии и влијателни личности кои ја придвижуваат иновацијата во ИТ-сферата.

dobivaj vesti na viber

Интернационалниот говорник, автор, активен член на софтверската инженерска заедница и главен технички директор во „Ендава“, Еоин Вудс, го одржа главниот говор и се фокусира на предизвиците, можностите и придобивките што блокчејн-технологијата може да ги понуди.

Во зависност од тоа со кого зборуваш за блокчејн, едениот став е дека технологијата засекогаш ќе го промени начинот на кој градиме системи, а другиот е дека ќе биде корисна само за криптовалутите. Иако е релативно нова технологија, делови од блокчејн се употребуваат во различен тип апликации меѓу кои и процесирање финансиски трансакции, менаџмент на идентитет, чување јавни документи и следење на синџирот на набавка на значајни производи. Сепак, моќните специфики на блокчејн имаат и свои компромиси, а еден од нив е невообичаената конструкција што блокчејн ја има во себе – вели Вудс.

Продолжувајќи го разговорот за блокчејн, Гоце Каламадевски, кој е одговорен на секторот за развој во „Ендава“, зборуваше за алатките, програмските јазици и можните употреби на оваа нова и возбудлива технологија. Тој праша: „Што се случува кога ќе слушнете за блокчејн и едвај чекате да направите нешто со таа технологија?“

Доколку имате некакво предзнаење или, пак, само сакате да ја пробате блокчејн-технологијата, прво мора да се запознаете со екосистемот и да ги земете предвид опциите пред да се одлучите за пристапот. Etherium и hyperledger се две опции што нудат различни можности за развој на децентрализирани апликации користејќи блокчејн. Иако се различни, etherium и hyperledger работат заедно и го приближуваат развојот на апликации кон следното ниво на развој – додава Каламадевски.

Истражувајќи како квалитетот на софтверскиот развој ја поттикнува иновацијата, Елизабета Илиевска, искусен софтверски инженер, им претстави на присутните проверен и тестиран метод за менаџирање технички долг во средина која постојано и рапидно се менува, а нејзиниот говор е инспириран од употребата на Quality Views на „Тесла“. А Стефан Спасовски, искусен софтверски инженер во „Ендава“, претстави неконвенционална, но практична паралела помеѓу софтверскиот развој и уметноста.

Владо Божиновски, лидер на секторот за дизајн во „Ендава“, и Александар Трајановски, искусен софтверски инженер во компанијата, споделија значајни впечатоци и знаења во некои од системите и технологиите што може да станат револуционерни во интернет-сферата, како и во компјутерската ера во која нема да се користат сервери.

По презентациите, присутните имаа можност да се дружат и да дискутираат за тоа како можеме да ја приближиме иновацијата во секојдневните работни ангажмани и како можеме да почнеме да ги користиме некои од возбудливите технологии и методологии што беа презентирани на сцена.

„Ендава“ е приватна ИТ-компанија со над 16 години искуство работење со светските лидери во сферата на финансии, осигурување, телекомуникации, медиуми, технологијата и малопродажба. Преку агилната трансформација и пропозициите на дигиталната еволуција, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни.

„Ендава“ има над 3.900 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Романија, Македонија, Србија и во Бугарија.

Покрај инвестирањето во долгорочни односи со клиентите, „Ендава“ ја препознава и важноста да им овозможи богати и предизвикувачки кариери на луѓето и преку тоа се етаблира себеси како еден од најпосакуваните вработувачи за најдобрите и најспособни инженери.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија6 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет7 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет7 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет7 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет7 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет8 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија20 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија22 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија23 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија24 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...