Контакт

Daily news

Повик на УНИЦЕФ до партиите да им дадат централно место на децата во дебатата пред изборите

Објавено пред

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре. 15 октомври ни дава можност да се прашаме дали ние како општество сме направиле доволно за нашите деца и внуци да имаат просперитетна и среќна иднина. Постигнат е одреден напредок за децата, но фактите укажуваат дека треба да направиме уште повеќе, се вели во отворениот повик на претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, до сите политички партии и гласачи да дадат централно место на состојбата со децата во демократската дебата пред изборите на 15 октомври.

dobivaj vesti na viber

Според Перкс, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија, а поразителната реалност е дека сиромаштијата кај децата го нарушува нивниот здрав развој. Покрај повеќегодишниот напредок во намалувањето на смртноста кај децата, последните податоци покажуваат дека ние сме единствена земја од поранешна Југославија каде што има зголемување на стапката на смртност кај децата.

Општата проценка на економистите и специјалистите за образование е дека предучилишното образование кај децата на возраст од 3 до 6 години е веројатно најважниот период за учење и развој на мозокот. Кога ќе ги разгледаме остварувањата по предметите математика, наука и јазик на 15-годишни деца од основното училиште, се забележува дека оние кои имале придобивки од образованието на рана возраст се една до две години понапредни од другите. Кај нас стапката на посетеност на предучилишно образование е зголемена од 26% на 39%, но оваа стапка и инвестициите во областа се и понатаму најниски  во регионот на Западен Балкан и заостануваат многу зад стапката во ЕУ, која изнесува околу 93%. Децата од најсиромашните семејства воопшто не посетуваат предучилишно образование, а тоа придонесува за меѓугенерацискиот циклус на сиромаштија.

Најпознатата мерилка за остварувањата на системот за основно и средно образование е рангирањето според Програмата на УНЕСКО/ОЕЦД за меѓународно оценување на учениците (ПИСА), каде се наоѓаме на 67. место од вкупно 70 земји. Во превод тоа би значело пониска способност за наоѓање вработување на национално ниво, помало привлекување инвестиции и пониска конкурентност на долг рок.  Мораме веднаш да ги забрзаме подобрувањата во предучилишното и основното образование за да го спречиме зголемувањето на јазот помеѓу нас и другите европски држави и маргинализирањето на надежите дека нашите деца ќе израснат во среќни и сигурни возрасни лица.

„Можеме да создадеме подобра иднина за нашите деца со тоа што ќе поставиме итни приоритети и повторно ќе размислиме за следните 3 работи: ран детски развој, инклузија и реформа на образовниот сектор. Најпрво, сите земји кои имаат високо успешни економии и напредни поединци инвестираат во раното детство. Тие располагаат со политики за намалување на сиромаштијата и насилството кај децата и го промовираат нивното добро здравје, а притоа целат да обезбедат поддршка и знаење за сите родители како да го унапредат развојот на нивните деца. Овие земји обезбедуваат предучилишно образование за сите деца на возраст од 3 до 6 години.  Тоа е така бидејќи истражувањата покажуваат дека овој период е најинтензивен период за развој на детскиот мозок, кој го оформува и потенцијалот за учење и заработка кај човекот, како и социјалниот и емоционален карактер. Економистите се согласуваат дека не постои поголем поврат од инвестициите за владата, од инвестицијата во раното детство. Лауреатот на Нобеловата награда, економистот Џејмс Хекман, проценил дека за инвестиција од 1 американски долар во раното детство, повратот изнесува 17 американски долари. Преку реструктуирање и скромни инвестиции, можеме да постигнеме огромен напредок во оваа област“, се вели во повикот.

Во него се додава дека кога станува збор за инклузијата на децата со попреченост, голем број земји, преку системски реформи и кампањи за менување на ставовите,  прераснаа во места каде исклученоста, изолираноста и сместувањето на деца во институции не се повеќе прифатливи.  Тоа е постигнато преку гарантирање на правото на секое дете да учи, преку воспоставување услуги за поддршка на семејствата на локално ниво и соодветна проценка на способностите и капацитетите на секое дете. Врз основа на овие лекции, можеме да постигнеме да не остане ниедно ќоше во земјата каде што децата со попреченост и понатаму ќе бидат невидливи, изолирани или исклучени.

Најдобрите образовни системи во светот продолжуваат да спроведуваат реформи со многу побрзо темпо во споредба со образовните системи што имаат слаби остварувања. Тоа е така бидејќи тие се во тек со променетите потреби на глобалната економија на знаење, како и со развојот на педагошката наука. Земјите со ниски остварувања тежнеат да инвестираат во нови наставни планови или, пак, во нови објекти, додека, пак, сите истражувања покажуваат дека главен двигател за добрите резултати во образованието е квалитетната и компетентна настава. Земјите со ниски остварувања тежнеат да применуваат стандарди како основа за проверка на остварувањата на наставниците, додека, пак, земјите со високи резултати посветуваат внимание на давањето поддршка на наставниците преку дијалог за да се искористат нивниот интелект, мудрост, интуиција и креативност. Доколку поставиме приоритет за квалитетот и компетентноста на наставниците, со сигурност ќе дојде до намалување на јазот кој постои помеѓу нас и соседните земји од ЕУ за идните генерации.

„Кога ги гледаме нашите деца и внуци и размислуваме за нивната иднина треба да се прашаме дали создаваме општество кое за нив ќе создаде можности да имаат подобар живот од нас. Општество во кое тие ќе можат да постигнат поголем степен на добросостојба, која за нас е денеска незамислива. Затоа ги повикуваме сите политички партии и гласачи да дадат централно место на состојбата со децата во демократската дебата пред изборите на 15 октомври“, се вели во отворениот повик на претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

 

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија1 час

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија1 час

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија1 час

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија2 часа

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија3 часа

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет5 часа

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа6 часа

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет6 часа

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет6 часа

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет6 часа

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија20 часа

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија22 часа

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија24 часа

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија1 ден

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ1 ден

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет1 ден

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа1 ден

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...