Daily news
Прва официјална средба со парламентарци од Оман

Во рамките на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 14 до 18 октомври во Санкт Петербург, Руска Федерација, претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари билатерална средба со Халид Ал-Маавали, претседател на Консултативниот совет на Оман.
Со оглед на фактот што ова е прва официјална средба меѓу парламентарци од Република Македонија и султанатот Оман, двајцата претседатели на парламентите се согласија дека средбата ќе претставува поттик за продлабочување на билатералната соработка меѓу парламентите и владите на двете земји.
Претседателот Џафери изрази задоволство што дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставени под уставното име на Република Македонија и констатира дека скорешното назначувањето вонреден и ополномоштен амбасадор на земјата во султанатот Оман, кој нерезидентно ја покрива земјата од МНР Скопје, ќе придонесе за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка. Истакнувајќи дека како претседател на Собранието придава големо значење на парламентарната дипломатија, Џафери го извести Ал-Маавали дека во Собранието повторно е формирана пратеничка група за соработка со земјите од Блискиот и Средниот Исток.
Претседателот на Собранието, истакна дека новоизбраната влада ги интензивира односите со соседните земји, а со посредство на ООН се обидува да изнајде заеднички прифатливо решение за спорот за името, што преставува единствената пречка за членство на нашата земја во евро-атлантските структури.
Халид Ал-Маавали се осврна на состојбата на Средниот Исток и улогата што султанатот Оман ја има како медијатор и олеснувач меѓу завојуваните страни во регионот.
Соговорниците се согласија дека потпишувањето на договорот за одбегнување двојно оданочување и договорот за поттикнување и заштита на инвестициите помеѓу Република Македонија и султанатот Оман ќе даде импулс во унапредување на економската соработка меѓу двете земји меѓутоа, постојат уште многу можности за унапредување на соработката на полето на образованието, здравството, културата и трговијата за што е потребна поширока формално-правна рамка.
Џафери и Ал-Маавали разменија покани за заемни посети на двете земји, како значаен чекор за продлабочување на билатералните односи и соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.