Контакт

Daily news

Прва средба на Гутереш со Трамп

Објавено пред

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во петокот имаше прва кратка средба со претседателот на САД, Доналд Трамп во Белата куќа, пред посетата на амбасадорите на Советот за безбедност на Вашингтон следната недела.

dobivaj vesti na viber

Средбата на Трамп и Гутереш е во сенка на заканите од претседателот на САД дека ќе ги намали уплатите за агенциите и за фондовите на ОН.

По средбата портпаролот на Гутереш изјави дека генералниот секретар на ОН имал “интересен и конструктивен разговор за соработка меѓу САД и Обединетите нации” и дека двајцата се согласиле да се состанат повторно во блиска иднина.

САД се најголем придонесувач во фондовите на Обединетите нации, при што плаќаат 22 отсто од основниот буџет од 5,4 милијарди долари и 28,5 отсто од мировниот буџет од 7,9 милијарди долари. Но, администрацијата на Трамп веќе го намали придонесот во Фондот за население на ОН за 32,5 милиони долари. Со тој фонд се предвидува планирање на семејствата за 150 земји. Трамп исто така сака да се повлече од мировните мисии.

Портпаролот на Гутереш одби да даде детали за разговорите во врска со финансирањето на САД, но ја истакна важноста на првата размена на високо ниво со американската администрација.

“Тоа е важен однос и ние сме многу задоволни што се случи средбата”, изјави портпаролот на ОН. Гутереш на средбата со Трамп остана 15 до 20 минути. крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да...

Македонија1 час

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи...

Македонија2 часа

Активни три пожари во државата, оној кај Николиќ ставен под контрола

Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментот сѐ уште е...

Македонија3 часа

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија3 часа

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија4 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија4 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија4 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ5 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ5 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија6 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет7 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија7 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет9 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија24 часа

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...

Топ1 ден

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...

Свет1 ден

Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откога...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ до Јаневска: Дали може мирно да спиете знаејќи дека учениците со попреченост на 1 септември нема да го имаат својот образовен асистент до себе

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира секој сегмент од општеството, дури и онаму каде што најмалку треба да има политика- во образованието. Ова...