Контакт

Daily news

Прво интервју на Петар Богојески: Ако ВМРО-ДПМНЕ работи мудро, владата на СДСМ ќе биде загрозена пред крајот на овој мандат

Објавено пред

Во своето прво интервју Петар Богојески, новиот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и еден од лидерите на Иницијативата за реформи во партијата, вели дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е во состојба на соочување самата со себе и со своето минато.

dobivaj vesti na viber

„Како поминува времето така преовладува заклучокот дека е неопходно да се направи јасно разграничување помеѓу времето на Груевски и новото време кое нужно доаѓа. Реформите за засилување на структурата на партијата и акумулирање нова позитивна и победничка енергија не се лесен процес, а тоа беше и очекувано. Бара време, мудрост, трпение и човечки ресурси. На дел од старите кадри сè уште им е тешко да се соочат со реалноста, но тоа е неповратлив процес“, вели Богојески. Тој смета дека ако реформите се реализираат во рок од една година, Владата на СДСМ ќе биде загрозена пред крајот на овој мандат и додава дека колку реформите се подолги, толку СДСМ ќе биде покомотен.

Колкав временски период е потребен за процесот на реформи на партијата да биде завршен?

Среќен сум што иницијативата и предлозите за позитивни реформи на партијата, за нејзина демократизација, модернизација и европеизација се широко прифатени и поткрепени од големото мнозинство активисти, но веројатно процесот ќе потрае подолго од очекуваното. Со изборот на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се отвори простор и се почна постапка за донесување нов Статут на партијата. Тоа е суштинска реформа, тоа е базата за сè понатаму. Намерата е ВМРО-ДПМНЕ да го промовира „најдемократскиот“ Статут од сите политички партии во овој дел од Европа и на тој начин да станеме лидер во промоција на одржливо демократско управување на државите преку политичките партии. Се надевам дека квалитетот на донесените решенија во новиот Статут ќе биде потврден од страна на правните експерти на ЕНП.

Сведоци сме дека голем дел од иницијаторите за реформи сте веќе дел од органите на партијата. Тоа предизвика различни реакции во јавноста и во партијата?

Морам да нагласам дека донесувањето  нов Статут само на хартија не е успех, напротив истиот треба да заживее. Токму тука ја гледам нашата улога и нашето учество во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да направиме новиот статут вистински да се практикува, да направиме „новото време“ вистински да се почувствува од сите во Македонија, да ја поттикнеме модернизацијата на партијата и да го промовираме концептот „Македонија од 21 век“!

Што подразбирате под тој концепт „Македонија од 21 век“? Тоа е ново што го слушаме од ВМРО-ДПМНЕ.

Да, тоа е иднината на Македонија, која ќе дојде како понуда од модерната ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е алтернатива на концептот на СДСМ „Едно општество за сите”. Нашата визија во фокусот го става реалниот човек, го истакнува индивидуализмот како алтернатива на застарениот етнонационализам на СДСМ, се грижи за персоналниот интегритет, морал и етика. Два столба го носат в раце концептот „Македонија од 21 век“. Тоа се реформите на политичко-правниот систем и технолошка експанзија во земјата. Првиот ќе предизвика одземање на власта од рацете на политичките партии и пренесување на истата во рацете на Републиката! Во фокусот е одлучно спроведување на вистинските коренити реформи во правосудниот систем. Не површни, како овие на СДСМ.  Вториот столб е технолошката модернизација на земјата, што всушност е иднината на сите нас. Ја сакаме Македонија како лидер во производство на енергија од обновливи извори, сонцето, водата и воздухот да бидат носители на економскиот просперитет, тоа се нашите природни ресурси. Македонија лидер во користење на најсовремените технички решенија во светот, Македонија врвен софтвер извозник, еколошки транспорт, евтина енергија, „искрен“ туризам, едноставно технолошки модерна и напредна држава. ВМРО-ДПМНЕ има капацитети и ресурси истото да го реализира.

Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ е перцепирана како националистичка партија, која не нуди решенија на проблемите во едно мултиетничко општество како нашето. Што е новото во таа насока?

Решението е во вистината за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека ние како современа политичка партија ја негуваме Идејата на историското ВМРО и се трудиме да го продолжиме Делото. Од минатото имаме еден завет, а тоа е да се бориме за слободата и човечки правдини. Тоа е нашата идеолошка матрица. Во таа насока ќе потенцирам дека со промената на раководството на партијата се почна процес за меѓународна деизолација и обновување на нашите пријателства во светот. Целиот кредибилитет кој ние, како иницијатори за реформи, го создадовме на тоа поле го ставивме на располагање на партијата. Продолжуваме во таа насока и очекувам кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ пред меѓународната заедница драстично да се подобри. Во поглед на внатрешните општествено-политички односи работиме на неколку концепти, кои ќе доведат до: релаксирање на тензиите помеѓу политичките субјекти; модерен концепт со моќен инклузивен капацитет за припадниците на сите народи во земјава и разните маргинализирани групи; реални граѓански права за реални граѓани.

Ваша оценка за Владата на СДСМ и ДУИ, како најсилни партнери во неа?

Владата на Република Македонија потфрли токму на полето во кое најмногу ветуваше, а тоасе подобрување на домашните општествено-политички услови за живот. Концептот „Едно општество за сите“ се покажа како неспроведлив, токму преку неговиот најистакнат нус-производ, Законот за јазиците. СДСМ покажа дека нема визија и искреност да дебатира и донесува решенија на транспарентен начин, а се обидува насила да наметнува квази етнонационализам. Да бев јас денес Албанец, ќе побарав итно повлекување на тој предлог-закон и ќе предложев национален консензус по тоа прашање. Се надевам дека ДУИ ќе покаже поголема зрелост од СДСМ и ќе го отвори тој процес.  Од друга страна, да не беа активностите на министерот Димитров на меѓународен план, сосема видливо ќе беше огромното уназадување на реформските процеси во разни области на домашен план. Едноставно Владата не работи на спроведување на сопствената програма, за која доби мандат, а за волја на вистината, и владината програма не е нешто за истакнување. На Македонија ѝ треба Влада која создава, а не која се занимава цела година со рушење на направеното. Најважно за ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е да изгради кредибилна критика кон Владата и истата да биде презентирана од кредибилни носители. На тој начин ќе помогнеме јавноста да добие реална слика за состојбите во земјава, а на Владата да ја подобри својата работа.

Споменавте меѓународни активности, а целото внимание е насочено кон решавање на проблемот со името?

Најважно по ова прашање е да отвориме домашна дискусија и како резултат на истата да изградиме национален консензус не само на политичките партии туку и на народите во Македонија. Не смееме да направиме потег кој не е добро пресметан и не е добро промислен. Прво зачудува молкот на стручната јавност, веројатно станува збор за некоја автоцензура наметната од огромниот набој во општеството по ова прашање. Ако веќе немаме доволно „стручни лица’, тогаш можеме слободно да се повикаме на пријателите на Македонија од целиот свет, максимално да ја користиме меѓународната арбитража и посредување во процесот на преговори. Грција има ресурси во таа смисла и е во одредена предност пред нас.Решение мора да има, тоа мора да биде логично и правно издржано, согласно со меѓународните стандарди, а патот на Република Македонија кон НАТО и ЕУ отворен. Факт е дека многу од грчките барања се надвор од нормална логика, особено она за промена на Уставот, кој е еднаш променет токму по желба на Грција. Имам впечаток дека Грција е охрабрена да го спречи влезот на Македонија во НАТО, од еден светски центар на моќта, поради неговиот национален интерес. Загрижен сум за капацитетот на грчкото општество да се издигне над ситуацијата на шовинизмот и иредентизмот, кои ги емитуваат кон нас, и да најдеме решение. ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија и носител на националните интереси на Република Македонија ќе изнајде сила да го отфрли концептот на патриоти и предавници, кој ни доаѓа од минатото и таму треба да остане, и ќе биде носител на изградбата на национален консензус по овој тежок предизвик за сите нас македонските државјани. Со оглед на извесниот ризик, Грција сепак да го спречи решението на проблемот што тие го имаат со името на нашата држава, и неоснованиот оптимизам што го создава нашата Влада по ова прашање, Република Македонија мора да развие резервно сценарио – специјален статус за нас во НАТО и ЕУ. Нема веќе простор за одлагање. Секако тоа треба да почне со билатерален разговор со нашиот најголем стратегиски партнер и најголем пријател во историјата на постоењето на македонскиот народ и држава, Соединетите Американски Држави. Моделите може да бидат различни, но секако чесни и фер за Република Македонија. По таков процес, Владата на Република Македонија мора да направи храбар чекор кон ефектуирање на пресудата на Меѓународниот суд и поништување на времената спогодба со Република Грција. Меѓународниот поредок мора да функционира.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија11 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија12 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет15 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија15 часа

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија15 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија16 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет16 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ17 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет19 часа

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет19 часа

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет20 часа

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија20 часа

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа20 часа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија1 ден

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија1 ден

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија2 дена

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ2 дена

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...