Во писмото до министерот Дамјан Манчевски се наведени членови од повеќе закони кои важат за комуналните претпријатија и комунални работници со кои аргументирано се докажува дека комуналните работници и нивниот статус не може во целост да се регулираат со Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. СУТКОЗ бара да се врати и во целост да се применува Законот за работни односи за сите вработени во комуналните претпријатија.
„Бараме од новиот министер да ги спаси вработените во Водовод од непотребната поделба помеѓу три закони кои безуспешно се имплементираат веќе трета година по ред од страна на владата на ВМРО ДПМНЕ, но безуспешно бидејќи комуналните претпријатија имаат дејност, се самофинансираат и се основани од општините или од градот Скопје. Затоа не може комуналниот работник да биде административен службеник, а уште помалку за него да важи Законот за вработените во јавниот сектор. Се косат со законите за јавни и комунални дејности“, вели претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски.