Daily news
Пристапни рампи за лицата со хендикеп во културните објекти во Ресен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/25467675_10215372267528669_239948773_o.jpg)
Лицата со хендикеп добија можност непречено да ги следат културните настани во Ресен, откако во двата објекти кои што се под надлежност на Домот на културата „Драги Тозија“, се поставија пристапни рампи.
Станува збор за кино салата и за изложбениот салон сместен во Ресенскиот Сарај. Уметникот-бакрорезец од Ресен, Гордана Стојановска, вели дека пристапот често ја ограничувал да ги посетува настаните од областа на уметноста, особено ликовната, затоа што секогаш зависела некој да ја искачи низ скалите.
„После подолго време ми беше овозможено да присуствувам на културните настани со поставувањето на пристапната рампа. Јас сум лице со посебни потреби и користам електромоторна количка скутер и сега можам да влезам во холот кој е изложбен салон во Домот на културата внатре. Сега веќе ќе можам да доаѓам многу почесто, затоа што пристапноста беше навистина тешка“, рече Гордана Стојановска.
Културните установи во земјава беа задолжени да им овозможат пристапи на лицата со хендикеп во нивните простории. Но, во случајот на Ресенскиот Сарај, како заштитен споменик на културата, мораше да се најде соодветно решение.
„Навистина ни причинуваше големо задоволство што пуштањето во функција на таа пристапна рампа беше за време на изложбата на познатиот уметник Владимир Темков, каде што после подолг период присуствуваа лица со посебни потреби. Самата пристапна рампа е монтажна, која за да не го нарушува ликот на установата, може во одреден период кога има потреба да се тргне настрана“, рече директорот Васко Василевски.
Ресенскиот сарај, познат како сарајот на Ахмет Нијази-бег, е еден од најпретставителните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија, изграден на почетокот на 20 век. Иако објектот е еден од најзначајните културни споменици во земјава, потребна е итна санација на покривот, кој што протекува и ја уништува внатрешноста. До оваа констатација дојде и министерот за култура при последната посета на Ресен, а во иднина се предвидува, по теркот на битолскиот Завод и музеј, тука да биде направена меморијална соба на Младотурската револуција и улогата на соработникот на Кемал Ататурк, Нијази Бег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_The_Business_of_Pleasure_2.jpg)
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/1-1-3.jpg)
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/gruevski-sud.jpg)
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.