Контакт

Daily news

Проектот „Добредојде, бебе“ достапен во сите породилишта во државата

Објавено пред

Заменик-министерот за здравство, Гоце Чакаровски, заедно со директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски, и претставници од „Мој термин“, денеска ја посети Општа болница – Куманово по повод дисперзија на проектот „Добредојде, бебе“ во породилиштата во целата држава, со што младите родители во сите 17 породилишта во државата имаат можност изводот на своето бебе да го добијат уште додека мајката е во породилиштето.

dobivaj vesti na viber

„На мајките им се нуди можност во рок од 48 часа, пред да бидат испишани од породилното одделение, да добијат извод од Матичната книга на родените. Услов е да се приложат личните карти на двајцата родители, кои треба на детето да му имаат одредено име. За таа цел, тим од „Мој термин“ во изминатиот период ги посети сите породилишта во државата, беа одржани повеќе обуки за вработените и во практика се тестира издавањето извод за родителите што тоа го сакаат“, изјави за медиумите д-р Чакаровски.

Новината за добивање извод на родени уште во породилиште беше промовирана пред две недели во Скопје и досега се издадени 91 извод на новородени, на жени породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) и во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. На Клиниката за гинекологија, од 466 новороденчиња, услугата ја искористиле 33 родители, а во болницата во Чаир од 391 новороденче, во породилиштето извод добиле 58 новороденчиња.

Министерството за здравство ова новина ја реализира во соработка со управата за електронско здравство „Мој термин“, МВР и Министерството за правда – Управа за водење матични книги. Со оваа новина се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите да не одат по шалтерите во институциите, туку при исписот од породилиштето да си го добијат изводот од Матичната книга на родените за своето дете доколку изразат желба и ако за тоа ја имаат потребната документација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет15 минути

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион12 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет15 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет17 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ17 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ17 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија18 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија20 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија21 час

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија22 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ23 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија23 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет23 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија1 ден

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија1 ден

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет1 ден

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет1 ден

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет1 ден

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...