Промена на Уставот и име без иредентизам се предуслови за договор, порача грчкиот претседател Прокопис Павлополус. Тој вели дека името треба да обезбеди три гаранции : „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници надвор од границите и „не“ за јазик што би настојувал на права надвор од границите. Ова според Павлополус, се предусловите за решавање на спорот за името и постигнување договор меѓу Атина и Скопје.
„Прво да го сменат нивниот Устав, а потоа, кога ќе стигнеме до каков било договор, во овој договор ќе има име кое нема да зрачи иредентизам. И кога велиме иредентизам мислиме на три работи: не може во никој случај ова име да подразбира промена на границите. Второ, не може ова име да упатува на етничка припадност надвор од границите на ПЈРМ. И трето, не може ова име да упатува на јазик надвор од границите, што би предизвикало малцински права и во оваа област. Овие три работи се факт“, изјави вчера Павлопулос во грчката општина Пиндас-Колиндру.