Контакт

Daily news

Рама: Тиранската платформа не е причината поради што Груевски веќе не е на власт

Објавено пред

Албанскиот премиер, Еди Рама, говорејќи за Албанците во Македонија во интервју за виенски „Стандард“ тврди дека т.н. тиранска платформа не е причината поради што поранешниот премиер Никола Груевски, со кого немал конфликт и му бил пријател, повеќе не е на власт. Според Рама, и Груевски го знае тоа. Фактот што Тирана им помогнала на Албанците од Македонија тој не го гледа како мешање во внатрешните работи на друга земја.

dobivaj vesti na viber

„Нашиот устав јасно вели дека албанската држава се грижи за сите Албанци во светот. Јас не им кажувам што да прават и не се мешав во македонската изборна кампања. Но, ако ми побараат помош, нема да кажам не. И секогаш ќе го правам тоа, што и да велат другите. Ова е природно и не е мешање. За нас, Македонија е најважна. Секоја закана за интегритетот на Македонија ќе биде опасна за целиот регион“, рече Рама.

На забелешката дека македонската страна вели дека неговото мешање создало нестабилност, Рама одговара: „Вие мене ме интервјуирате! Ако имате прашања за нив, прашајте си ги нив. Јас нема да одговарам на ова“.

Рама го смета за природно тоа што претставниците на албанските политички партии во Македонија, по парламентарните избори, барале од Тирана мислење за тоа како да се продолжи кога станува збор за формирањето влада.

На прашањето дека тоа биле Албанци од соседна земја и дали тој се смета за заштитник на сите Албанци, Рама одговара дека не верува оти би било скандал кога австриската влада би се залагала за Австријците надвор од својата државна територија. Според Рама, Албанците во Македонија не се малцинство, туку конститутивен народ и ако им се помага ним, тогаш се помага и во зајакнувањето на Македонија“.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија15 часа

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија17 часа

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ17 часа

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија18 часа

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија20 часа

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија20 часа

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија22 часа

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија22 часа

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ23 часа

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија1 ден

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ1 ден

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт1 ден

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...

Македонија1 ден

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...

Свет1 ден

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

„Волстрит џурнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година,...

Македонија2 дена

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија2 дена

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија2 дена

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија2 дена

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија2 дена

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...