Контакт

Daily news

Ристовски: СДС сака да инсталира партиски кадри во судството

Објавено пред

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека СДСМ креира страв кај судиите и работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет.

dobivaj vesti na viber

„СДС и премиерот Заев освен политички имаат и личен мотив за тоа. Против Зоран Заев се водат судски предмети кој што доколку се докаже вина, согласно законот треба да подложи на тешка правна санкција. Јавноста добро го знае видеото од кое се гледа како актуелниот премиер Заев бара мито од 200 илјади евра и против тоа се води случај на суд, но и случаите Глобал, Цареви кули, Тендерите во општина Струмица. Затоа е потребно контролирано судство, за личен спас, но и креирање на монтирани случаи“, изјави Ристовски.

Според него, „СДС креира страв кај судиите, а ќе работи на промена на персоналниот состав на судскиот совет. СДС сака да инсталира партиски кадри за целосно и апсолутна контрола и да креира уште една алатка за пресметка со своите политички неистомисленици“.

„Изминативе години сите законски решенија и реформи кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи во судството и судскиот систем беа усогласени со ЕУ и произлегоа од процесот на прилагодување на Евопската регулатива. Сега очекуваме реакција од ЕУ на планот на СДС за партизирање на судството. Ова што сега сака да го направи СДС е веќе видено. Во претходните нивни мандати имаме искуство во кои што Македонија доби 617 судии со едно гласање без присуство на опозицијата кога токму СДС управуваше со државата. Тоа партиско судство ја амнестираше најкриминалната транзиција во Jугоситочна Eвропа, за која никој не одговaраше. И денес е истата намера, и денес СДС сака да се врати времето кога судските пресуди се диктираа во партиските кабинети“, вели Ристовски.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на...

Македонија2 часа

Меџити ќе чека на „Вреди“ да се приклучат членови од опозициските албански партии, а потоа ќе предложи нов министер за здравство

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов...

Европа2 часа

(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на...

Македонија3 часа

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...

Македонија4 часа

До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се...

Македонија4 часа

Мицкоски за „Евроњуз“: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за „Еуроњуз“ се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaцијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската...

Македонија5 часа

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија ангажирани 14 нови вработени, сите Македонци и ниеден Албанец“, велат од ДУИ

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени – сите Македонци – и ниту еден...

Европа6 часа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...

Свет6 часа

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат...

Свет7 часа

Хамас: Подготвени сме да ги предадеме сите заложници за да се стави крај на војната во Газа

Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до...

Македонија15 часа

Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ. Како што информираа од...

Македонија16 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на...

Македонија17 часа

Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна...

Македонија19 часа

Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство...

Македонија20 часа

ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за...

Македонија21 час

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во...

Свет21 час

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина...

Македонија23 часа

Сите позиции на Алијансата за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот...

Македонија24 часа

Мицкоски: Нашата посветеност кон евроинтеграциите ќе се засили во периодот што следува

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален...