Контакт

Daily news

САД ќе ја истражуваат воената соработка меѓу Западен Балкан и Русија

Објавено пред

Американското министерство за одбрана во текот на следната година ќе соработува со Стејт департментот за да изведат подетаљна оценка за соработката на сите земји од Западен Балкан со САД и Руската Федерација.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на процената за соработката во секторот одбрана, ќе биде изготевен извештај, кој ќе биде доставен до релевантните комисии на американското законодавно тело.

Според федералниот закон, кој стапи во сила минатата недела, извештајот ќе содржи детаљни информации за воената соработка на Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Македонија со Русија.

„Извештајот мора да содржи процена на безбедносната соработка на сите земји од Западен Балкан со Русија, и тоа листи на оружје, одбранбени системи и воена технологија во вредност од милион долари или повеќе, што ги добила или ги купила која било од земјите на Западен Балкан од 2012 година наваму. Во извештајот ќе биде вкучен и опис на учеството на вооружените сили во обуки и вежби со Русија во истиот период, како и опис на договори за соработка што земјите од регионот ги потпишале со Русија“, се наведува во законот.

Покрај тоа, Конгресот на САД ќе треба да биде запознаен со детали за разузнавачката соработка меѓу земјите од Западен Балкан со Русија, како и последиците од таквата соработка врз интересите на САД и на НАТО, земјите од регионот, но и земјите што се граничат со Западен Балкан.

Исто така, такви оценки и информации ќе се бараат во однос на соработка со САД, како и опис на учеството и активностите на четирите земји во програмите на НАТО, особено во „Партнерството за мир“. Според информациите, во документот опширно се зборува за реакциите на заканите од Руската Федерација“.

Инаку, документот што американското Министерство за одбрана и Стејт департментот ќе го достават до Конгресот, генерално, ќе биде јавен, но можеби ќе има и одредени делови што нема да бидат достапни за јавноста.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет13 минути

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа22 минути

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија42 минути

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија51 минута

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија12 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија15 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија16 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија18 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија18 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ19 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија19 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија19 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет22 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа23 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет23 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа1 ден

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа1 ден

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија1 ден

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...