Контакт

Daily news

Саљии-Раснач: Меморандум за соработка помеѓу министерствата за правда на Македонија и Латвија

Објавено пред

Меморандум за соработка помеѓу министерствата на двете земји потпишаа денеска министерот за правда, Билен Саљии, и министерот за правда на Република Латвија, Џинтарс Раснач.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството информираат дека споделувајќи заеднички европски вредности во духот на соработка и заемна доверба, имајќи ги предвид интересите за размена на знаење и искуство во областите правда и правосудство и разбирајќи ја важноста на меѓународната соработка, двете министерства склучиле меморандум за соработка со кој ги договориле областите и облиците на соработка, како и дефинирање на начинот на соработка помеѓу двете институции.

Соработката се однесува на размена на искуства и најдобри пракси за усогласување на националното законодавство со меѓународните и европските стандарди, поддршка на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, модернизација на правосудството и судската администрација, едукација и обука на професионалците од правосудството и судиите, подобрување на активностите во областа на пенитенцијарниот систем, ефикасно управување со пробацискиот систем вклучително и развивање ефикасни алтернативни мерки и пробациски систем, како и други области што се од заемен интерес.

По потпишувањето на меморандумот за соработка, министерот за правда Саљии ќе се сретне со директорот за Управата за затвори на Република Латвија и ќе оствари посета на Центарот за зависности при затворот „Олаине“ во рамките на дводневната посета на Рига.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

За 10.000 се намалил бројот на баратели на земјоделски субвенции од 2018 досега: враќање на земјоделските задруги за поефикасно субвенционирање

Со нов начин на субвенционирање Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ја укинува праксата парите од субвенциите да се...

Македонија6 часа

Жерновски отповикан од функцијата амбасадор во Романија: дознал од „Службен весник“

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што напиша на социјалните мрежи, дознал...

Економија7 часа

Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252...

Македонија9 часа

„Вреди“: М-НАВ е најјасниот пример за тоа како ДУИ ги „заштитила“ Албанците

ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат...

Македонија9 часа

ЗОО Скопје за последните случувања: Зоонегувателите професионално си ја вршат работата, да престанат дезинформациите и невистините

Зоолошката градина – Скопје моментно е дом на 646 животни од 91 вид за кои се грижат зоонегуватели што професионално...

Македонија10 часа

Нема преговори за химната и за државниот грб, нема табу-теми, тврди Меџити

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени...

Македонија10 часа

Запленети евра, лекови, анаболични стероиди, инвертери за соларни системи, лакови за нокти: кривични пријави против 5 лица

Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари разни лекови и анаболични стероиди...

Свет10 часа

Трамп: Третата светска војна не е толку далеку

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека третата светска војна не е толку далеку, но е убеден дека неговото претседателствување ќе...

Свет11 часа

(Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, на брат му и на мајка му

Хамас му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми. Меѓу нив се и телата...

Свет12 часа

(Видео) Берни Сандерс: Трамп застана на страната на еден од најбруталните диктатори во светот

Американскиот сенатор Берни Сандерс го обвини претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници дека се на страната на рускиот претседател Владимир...

Свет13 часа

Џеј ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот...

Свет13 часа

Поранешниот потпретседател на Трамп: Претседателе, не ја кажуваш вистината за Украина

Мајк Пенс, американскиот потпретседател за време на првиот мандат на Доналд Трамп, реагираше на изјавата на американскиот претседател дека Украина...

Македонија13 часа

Минусни температури во целата држава, најстудено во Берово, каде што се измерени -14 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -14 степени, -13 било на Попова Шапка и Маврови Анови, -12...

Свет14 часа

(Видео) Се судрија два мали авиона во Аризона, две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа синоќа кога два мали авиони се судрија во воздух над регионалниот аеродром Марана во американската сојузна...

Европа14 часа

(Видео) Трамп: Русија ги држи картите во преговорите за мирот во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија „ја држи картата“ во какви било мировни преговори за ставање крај...

Европа14 часа

Зеленски: Иднина без Путин, но со мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“...

Европа14 часа

Републикански сенатор: Зеленски не е диктатор, Путин е вистинскиот диктатор

Истакнатиот републикански сенатор и долгогодишен сојузник на Трамп, Линдзи Греам, рече дека се согласува со американскиот претседател дека Украина треба...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е диктатор

Доналд Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор во жестока објава на неговата платформа Truth Social. Американскиот претседател рече...

Свет1 ден

Главниот советник на Зеленски до претставникот на Трамп: Многу е важно како ќе заврши војната

Американскиот претставник Кит Келог се состана со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој ја истакна...

Македонија1 ден

Нерешено кај уставните судии за измените со кои на независните кандидати ќе им биде потешко да влезат во изборна трка

Уставниот суд не донесе одлука за предметот за оспорените членови на Изборниот законик (ИЗ) со кои се штитат од конкуренција...