Daily news
Светска премиера во Женева: „шкода вижн X“ комбинира природен гас, бензин и електричен погон
Чешкиот производител „Шкода“ на Саемот за автомобили во Женева ја претстави иднината на автомобилскиот свет. Имено, овој автомобилски производител првпат презентира возило со CNG (компресиран природен гас), бензин и електричен погон. Новиот СУВ-дизајнерски јазик, „шкода вижн X“, исто така има нов конфигуриран хибриден систем. Особено одржливиот погонски концепт со комбинација на CNG/електричен мотор обезбедува спонтана испорака на енергија, зголемена агилност и ниски емисии на јаглероден диоксид од 89 грама на километар. „Вижн X“ се движи со погон на предни, задни или четири тркала по потреба.
„Во ‘Шкода ауто’ развојот и подготовките за мобилноста на иднината се во полн замав“, вели Кристијан Струбе, член на одборот за технички развој на „Шкода ауто“. „Со хибридниот концепт ‘шкода вижн X’ отвораме поглед кон иднината на нашите модели. CNG-возилата се чисти и евтини. Покрај тоа, со хибридот нашите клиенти може да искусат возење со нулта емисија“, додава тој.
Исклучително одржливиот концепт на урбаниот кросовер на FlexGreen е нагласен со импресивна комбинација на CNG (компресиран природен гас), бензински мотори и двата електрични мотора.
Моторот со внатрешно согорување е 1,5-литарски TSI G-TEC четирицилиндричен турбомотор, специјално дизајниран за употреба со CNG (компресиран природен гас). Уредот CNG произведува максимална моќност од 96 kW (130 hp) и максимален вртежен момент од 250 Nm. Еден CNG-резервоар се наоѓа под задното седиште, а вториот е позициониран зад задната оска. CNG-единицата ја движи предната оска, електричниот мотор ја придвижува задната оска, која се активира доколку е потребно – за да се вклучи дополнителна моќност при стартување или да се подобри влечната сила на мазните површини и надвор од патот.
„Вижн X“ е првото возило со погон на сите тркала на „Шкода“ без карданско вратило. Ова има јасни придобивки: помалата тежина автоматски значи помала потрошувачка. Освен тоа, електричниот мотор стартува само кога е потребно. Два електрични мотора го поддржуваат CNG-погонот. Уредот со погон на четири тркала се состои од мотор со внатрешно согорување опремен со еден од двата електрични мотора – генератор за стартен погон (BSG) и вториот електричен мотор на задната оска, напојуван со 48-волтна литиум-јонска батерија. Благодарение на обновувањето, литиум-јонската батерија се полни за време на возењето. Во текот на сопирањето и движењето во неутрална брзина „вижн X“ ја претвора кинетичката енергија во електрична и подоцна ја користи оваа енергија за возење. Максималниот вртежен момент од 70 Nm е достапен од застој, значително интензивирајќи ја спонтаноста при стартување и агилноста при кратки забрзувања. Предностите на батериите за полнење вклучуваат мала тежина, поголем капацитет и прифатлива цена.
Концептот се движи со погон на предни, задни или четири тркала по потреба. Задниот погон носи 1.000 Nm до патот, а моделот има опсег до 650 километри благодарение на дополнителниот резервоар за гориво. Перформансите на системот на двете погонски единици овозможуваат „шкода вижн Х“ да забрза од 0 до 100 километри на час за 9,3 секунди, со максимална брзина од 200 километри на час.
Стратегија за електромобилност
Електромобилност игра клучна улога во глобалната стратегија за раст на „Шкода ауто“. Електрификацијата на моделите на „Шкода ауто“ ќе почне во 2019 година со воведувањето на „шкода суперб“ со plug-in хибриден погон. Во прилог на производството на електрични автомобили фабриката во Млада Болеслав исто така ќе произведува електрични компоненти за plug-in хибридни модели на неколку брендови на „Фолксваген груп“ од 2019 година па натаму. Првото комплетно електрично возило „шкода“ ќе следува набргу потоа. До 2025 година брендот ќе го прошири својот асортиман на хибридни и батериски погони на моделите во разни сегменти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.