Контакт

Daily news

Сеавус CodeTalks повторно во Скопје

Објавено пред

Сеавус CodeTalks по третпат ќе се одржи во вторник во Скопје. Настанот ќе се оддржи во Сеавус, со почеток во 18 часот, а влезот е слободен.

dobivaj vesti na viber

Оваа година на настанот ќе зборуваат тројца QA експерти. “Introduction in Embedded testing“, е темата на која ќе зборува Александар Гашоски (Lead testing Engineer):

„Целта на презентацијата ќе биде на едноставен начин да ги доближи најбитните аспекти кога станува збор за верификација на системи со интегриран софтвер. Исто така ке се даде осврт на тестирањето во услови кога постои меѓусебна зависност на хардверот и софтверот како и верификација во услови кога софтверот што се тестира не е“.

Другата тема ќе биде „Testing process within Scaled Agile Framework (SAFe)“, на која ќе зборува експертот Наташа Арсовска (Lead testing Engineer):

„Луѓето прават грешки, тоа е она што знаеме да го правиме најдобро! Кодот е напишано од страна на луѓе и затоа тука е QA за да пронајде грешки. Тестирање во SAFe е нов пристап кој го користиме во Сивус, кој го имплементира тестирањето во Agile Framework и дава резултати со исклучителен квалитет“.

Последната презентација е на тема „Continuous Testing for Angular Application with Protractor and Jasmine“, за која своја презентација ќе има Ѓоре Захарчев (Quality Assurance Coordinator):

“Постојано слушаме за термините Continuous Integration and Continuous Delivery но речиси воопшто не се зборува за Continuous Testing. За да креираме успешна приказна во поглед на Continuous Testing, изборот на алатки и селекцијата на тестови игра клучна улога. Нашиот тим на Тестинг инжењери секојдневно работи на усовршување и подобрување на целиот процес на тестирање и негово поместување во исто време во лево и десно во останатите фази на развој на софтвер за кои не толку одамна се сметаше дека треба да бидат засебни и не треба да се испреплетуваат”.

Присуството на настанот може да се пријави на (линк) /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион16 минути

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка...

Свет35 минути

(Видео) Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата

Според Трамп, Зеленски „навистина сака“ демократите да победат на претседателските избори во САД, бидејќи добива финансиска помош од нив. „Верувам...

Свет55 минути

Бајден денеска за последен пат зборува во Генералното собрание на ОН како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) како претседател...

Свет57 минути

Борел: Меѓународните правила никогаш не биле толку игнорирани како што се денес

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, како домаќин на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ...

Свет1 час

По земјотресот со јачина од 5,9 степени во Јапонија, цунами го погоди островот Хачијо јужно од Токио

По земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, цунами високо 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно...

Свет1 час

Ураганот Џон придружен со обилни врнежи го погоди јужниот брег на Тихиот Океан на Мексико

Ураганот Џон, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико. Оваа временска...

Македонија16 часа

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година...

Топ17 часа

Осуденик пронајден починат во затвор во Скопје

Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение,...

Македонија21 час

(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски

„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци...

Македонија21 час

Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија,...

Македонија21 час

Нов земјотрес во Македонија

Нов земјотрес е регистриран во Македонија по скопскиот, кој доцна синоќа ги разбуди скопјани. Потресот е со магнитуда од 2...

Македонија23 часа

Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

На маргините на 79. Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна...

Спорт1 ден

Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10...

Македонија1 ден

По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижностите

Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности. Во последните два месеци, бројот на заостанати...

Свет1 ден

Бајден: САД прават сè за да спречат избувнување поширок конфликт на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах...

Македонија1 ден

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Топ2 дена

Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема. Пламенот избувна во...

Топ2 дена

Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош

Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром,...

Топ2 дена

Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи...