Daily news
Се разгоруваат нови пожари кај Моране и на Матка

Во Северниот скопски плански регион попладнево се појавил нов пожар на потегот од село Морани кон село Студеничани т.е. Вртекица. Исто така на потегот Матка-Шишево повторно се разгорува пожар. Пожарот е на сртот и нема опасност за палење висока шума, заради конфигурацијата на теренот. Инаку теренот е непристапен за сите видови возила и се следи од вработените на ЈП „Паркови и зеленило“.
Како што попладнево соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот кај Осинчани кон Држилово на местото викано Гороглед попладнето се префрлил преку патот и на лице место се ангажирани сили на ШС Караџица. Со оглед на непристапноста на теренот се очекува гасење на пожарот од воздух. БППЗ е ангажирана на следните локации на пожари: Месност Црн Камен ( Рамно) на Скопска Црна Гора, Грачани, Осинчани, Студеничани (Вртекица).
Во Пелагонскиот плански регион пожарот во атарот на село Подвис е локализиран. На местото има екипи на ЈП „Македонски шуми“ – Крушево и ТППЕ Крушево. Гореше нискостеблеста деградирана шума. Од страна на екипите се чува пожарот со цел да не се активира. Пожарот во атарот на селото Дрен – Смолани е активен. Од утрово на терен дејствуваат екипи на ЈП „Македонски шуми“ – Прилеп и Кавадарци, ТППЕ Прилеп и мештани. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека и друго.
Во Југозападниот плански регион, се наведува во соопштението од ЦУК, во овој момент зголемена опасност има кај селото Калуѓерец каде пожарот е во непосредна близина на куќите. Се работи за пожарот што се префрли од селото Могилец. На теренот екипите дејствуваат, но се бара интервенција од воздушни летала.
Во моментов ангажирани се АРМ (за пожар во с.Требовље и дел од атар на с.Растеш), два хеликоптера (атарот на с.Брест од правецот на м.в Фојник). ЈП „Македонски Шуми“ од Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во атар на с.Брес и моментално пожарот е ставен под контрола. Пожарот во селото Девич е локализиран.
За пожарот во атарот на с.Могилец присутни се ТППЕ Македонски Брод и ТППЕ Кавадарци, како и месното население на Могилец.
Пожарот во атарот на селото Близанско во месноста викана Брдо и Круша, кој поново беше активиран и премина во Фојник, во моментов е ставен под контрола по дејство на хеликоптерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.