Контакт

Daily news

Скопје подготвено за УЕФА Суперкупот – од утре ќе работи неутралната фан-зона

Објавено пред

Со уште само 2 дена до УЕФА Суперкупот помеѓу двата најтрофејни клуба во Европа, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Град Скопје е целосно подготвен да ги пречека илјадниците навивачите што ќе пристигнат од сите страни на светот. Најголемиот број од активностите што се организирани од страна на Град Скопје ќе се одржат во неутралната фан-зона на плоштадот Македонија, која ја посети градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

dobivaj vesti na viber

„Направивме сè за Скопје да кулминира во совршена локација за Суперкупот. Заедно со јавните претпријатија Град Скопје ги презеде соодветните мерки за инфраструктурно и хигиенско средување на Скопје во исчекување на големиот број посетители. Дополнително, одреден период градот го има соодветното декоративно уредување во согласност со стандардите на УЕФА Суперкупот. Скопското Кале на 26 јули конечно светна во боите на Суперкупот. Воедно, за посетителите од странство подготвивме и промотивно видео кое имаше цел да ги запознае со знаменитостите на Скопје. Пред неколку дена започнавме и со подготовките во неутралната фан-зона каде што е одвиваат поголемиот број активности. Тука сите ќе може да играат фудбал 1 на 1, фудбалски тенис, да шутираат пенали, а и да си ги испробаат своите способности во freestyle-фудбал. Во оваа зона е предвидена богата музичка програма на познати македонски диџеи и музичари кои ќе ги забавуваат посетителите на 7 и 8 август од 11 до 19 часот“, истакна Трајановски. Тој додаде дека заедно со УЕФА и ФФМ на оваа локација ќе се постават и трите трофеи на УЕФА – трофејот на Лигата на шампионите, трофејот на Лига Европа и Суперкупот. Пред нив е поставено и грас рут игралиште на кое тимови на млади момчиња и девојчиња од цела Македонија ќе се натпреваруваат за интересни награди.

Неутралната фан-зона ги отвора портите на 7 август во 11 часот и се очекува посета на илјадници обожаватели на фудбалот. За нивно анимирање, покрај големиот број активности, ќе се погрижи и маскотата на „Скопје Суперкуп“, а голем број волонтери ќе бидат одговорни за беспрекорна реализација на сите активности. За дополнителните активности и за освежувањето ќе се погрижат партнерите на УЕФА „Пепси“, „Хајнекен“, „Мастер кард“, „Нисан“.

Трајановски дополни дека и покрај сите активности во неутралната фан-зона, Град Скопје ги подготви и двете точки на среќавање на навивачите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Пред самиот натпревар тие ќе се соберат на плоштадот Филип Втори и пред платото на Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде што по строго одредени патокази поставени од страна на Град Скопје ќе тргнат кон националната арена „Филип Втори“.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија7 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија9 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија11 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија12 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија13 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет14 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија14 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија15 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа17 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет17 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа17 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет18 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа18 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа18 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа19 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа19 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија1 ден

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија1 ден

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...