Контакт

Daily news

„Скопје сити мол“ го прославува 5. роденден

Објавено пред

По повод петтиот роденден на „Скопје сити мол“ денеска се одржа прес-конференција на која претставници на менаџментот од трговскиот центар на медиумите им ги претставија досегашното работење и идните планови, како и детаљната роденденска програма.

dobivaj vesti na viber

Генералната директорка на „Скопје сити мол“, Ебру Радевски, на прес-конференцијата ги истакна досегашните достигнувања на трговскиот центар и ги најави новитетите што ќе се случуваат во иднина.

„’Скопје сити мол’ како регионален шопинг-центар е во плановите на сите големи светски брендови кои сакаат да отворат своја продавница и во Македонија и како такви најпрвин се заинтересирани за простор токму тука. Во ‘Скопје сити мол’ моментно има 175 закупци, а годишно се заинтересирани повеќе од 200 бренда за отворање своја продавница. Токму затоа во идните планови ни е зацртано проширување на нашите капацитети за да ги задоволиме нашите заинтересирани клиенти во своите барања“, изјави Радевски.

На прес-конференцијата беше соопштено дека „Скопје сити мол“ од ноември 2016 е дел од „Хајстед лимитед“, кој е водечки специјализиран фонд за трговски центри и работи портфолио на шопинг-центрите во Југоисточна Европа. „Хајпроп инвестментс лимитид“ (REIT рангирани на JSE) поседува 60 отсто од акциите во „Хајтсед“ и ПДИ-компанијата, што ја застапува Луј Норвал, ги поседува преостанатите 40 отсто од акциите. „Хајстед“ поседува четири трговски центри во Југоисточна Европа, „Делта сити“ во Подгорица (Црна Гора) „Делта сити“ во Белград (Србија), „Скопје сити мол“ во Скопје (Македонија) и „Мол“ во Софија (Бугарија).

Стратегијата на „Хајстед“ е да поседува висококвалитетни трговски центри на пазарите во развој каде што таквите средства може да се стекнат или развијат со атрактивни приноси. Трговските центри на „Хајстед“ доминираат во однос на просечната големина, а со тоа привлекуваат нови концепти и водечки продавници и ги прават нашите центри најпосакувани локации за локални и меѓународни брендови. Структурата на компанијата обезбедува цврста основа за извршување на нашата стратегија, со способни и искусни тимови и практичен пристап, кој ни овозможува ефикасно управување со нашите средства за да се постигне тековен приход и раст на капиталот.

Според Дарко Панчевски, претставник од маркетинг-секторот, „Скопје сити мол“ секогаш како и досега ќе продолжи да се грижи за своите потрошувачи и закупци.

„Ми претставува навистина чест и задоволство што сум дел од еден ваков голем објект, кој во изминатите години успеавме да го направиме регионален лидер кога се работи за шопинг-центрите. Од денот на отворањето па сè до денес во молот поминале повеќе од 35.000.000 посетители, сме организирале и поддржале повеќе од 330 хуманитарн проекти и настани, повеќе од 220 кампањи, 12 музички концерти, 4 модни шоуа, како и 4 интернационални патувачки настани. Со сето ова максимално се гордеам и тоа ми дава предизвик за наредниот период. За роденденот обезбедивме богата роденденска програма за сите посетители кои ќе имаат возбудливо шопинг-искуство од 6 до 8 октомври со попусти до 50 отсто. На 7 октомври (сабота) трговскиот центар ќе работи до полноќ и ќе делиме и бесплатни коктели со секоја сметка над 500 денари, а вечерта ќе се одржи ултраспектакуларен концерт „Хит за 5“, со многу познати пејачи и групи од македонската естрада кои ги одбележаа 90-тите години. Организираме и модна потрага, каде што актерите Тино и Атанас ќе ги бараат стилски најдобро облечените во женска и машка категорија, а ќе ги оценуваат Александар Биљановски – Дадар, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Марија Илиќ, Андреј Папаз и Елена Стефановска. За крај на вечерта ќе настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, DJ James Zabiela. Како и секогаш, така и овој пат не ги забораваме и нашите најмали посетители, односно на 8 октомври организираме семеен ден со настап на Петко и бендот 5+“, изјави Панчевски.

????????????????????????????????????

Она што со посебен интерес ја привлече јавноста е ретро забавата „Хит за 5“ од 90-тите години каде што по повеќе години „Скопје сити мол“ и Мартин Трпчевски успеаа да ги соберат на сцена изведувачите што имаат оставено голем белег во музиката.

„Навистина ми е многу драго што успеавме во реализација на овој проект, да ги собереме сите македонски изведувачи што својата слава ја доживеаа во 90-тите години, а некои од нив веќе долго време не се на сцената. Ве повикувам сите да дојдете на 7 октомври во „Скопје сити мол“ заедно да запееме со Дарио, Угро, Пере од „Нокаут“, Искра Трпева, Тамара, Александар Митевски, Гиш, Фиц од „Студени нозе“, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Peace Brothers, како и многу други. Ве очекуваат и неколку изненадувања“, изјави Мартин Трпчевски.

Од „Скопје сити мол“ ги повикуваат сите да дојдат од 6 до 8 октомври во трговскиот центар, да уживаат во богатата програма и заедно да го прослават роденденот на најголемиот трговски центар во Скопје.

Трезор на тајни

Колку изгубени/најдени предмети се вратени – 5.160 предмети,
Пронајдени се изгубени 240 деца и 60 возрасни,
Колку автомобили сме имале – 7.562.927,
Колку километри хартија сме потрошиле – 42.240 км тоалетна харија и 42,2 тони пена за миење раце,
Колку технички операции се извршени – над 5.000 технички операции надвор од редовните,
Секојдневно 50-ина лица се грижат за хигиената, безбедноста, техничките операции,
Годишно се рециклираат 200 тони хартија и 6,5 тони најлон

Статистика за големата слика
Над 35.000.000 посетители,
Над 1.608.316 посетители во киното „Синеплекс“ до средината на септември 2017,
Над 230.000 фанови на facebook.com/skopjecitymall
Над 6.000 потрошувачи наградени за својата лојалност,
Над 330 хуманитарни настани директно се поддржани или иницирани од „Скопје сити мол“,
Над 220 кампањи и настани се огранизирани,
Над 50 дружења со фанови на врвни домашни и странски ѕвезди,
12 музички концерти,
4 модни шоуа,
4 интернационални патувачки настани.

SCM-лична карта
Број на локали: 135
Број на киосци: 40
Годишно над 200 бренда се заинтересирани за отворање продажен простор
Вкупната потрошувачка од 2013 до 2016 се зголемила 51 отсто
Потрошувачката од посетител од 2013 до 2016 се зголемила 32 отсто
Познати интернационални брендови првпат на пазарот во последните две години: MAC, O Bag, Navigare, Tom Tailor, Pandora, Orsay, Us Polo Assn, Skechers, Jack& Jones, Carpisa, Jamamay. Посакавме добредојде и на: Mona, Peko, Adidas, Buzz, Goody’s, Coin Casa, Sigma Jewelry, Altinbas, Bozinovski, Polaris, Lusso Home, Usta Donerci, Meridian food, Star Ocean, Vili fast food, Tritex, Bebe Houm, TAC,
Во локалите директно се вработени речиси 1.460 вработени, од кои 367 машки и 1.094 женски,
Над 300 компании се рекламираа во над 5.000 промоции и закуп на брендинг-позиции.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија6 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија13 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија13 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија13 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија14 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија14 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија15 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија16 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија17 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет18 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет19 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет19 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет20 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет20 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет20 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет20 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...